Намирници кои ја гасат жедта

Високите летни температури за кусо време успеваат да не направат жедни, бидејќи телото е принудено да се лади со потење, при што се губат значајни количини на течности. Доколку не знаевте, чувството на жед се јавува откако организмот ќе изгуби повеќе од 1% вода.

Најдобар начин да избегнете дехидрација е редовно да пиете мали количини вода, па дури и кога не сте жедни. Меѓутоа, избегнувајте ледено ладна вода, бидејќи го исцрпува организмот.

170446237051c60d7a7d432881264684_orig

 

Во исхраната задолжително додадете зеленчук, овошје, и салати со повеќе вода, а помалку калории. На овој начин ќе му обезбедите на организмот правилна хидратација, а истовремено и електролити кои се неопходни за искористливоста на водата во организмот. Намирниците со голем процент на вода се краставици, зелена салата, лубеница итн…

Колку вода содржат следниве намирници:

Краставици – 96%
Салата од марула – 95%
Домати – 94%
Пиперки – 94%
Лубеница – 91%
Јагоди – 91%
Спанаќ – 91%
Диња – 90%
Праска – 89%
Ананас – 86%

- Реклама -