Ако животните јадеа брза храна

Дебелината денес убива повеќе од три милиони луѓе годишно во целиот свет. Повеќе од половина од населението на Европа страда од дебелина, а над 1/3 од возрасните граѓани во САД имаат прекумерна тежина.  Ако работите продолжат така, по 20 години 50 до 60 отсто од светското население може да е со прекумерна тежина, прогнозираат научниците.  Брзото стекнување на килограми најмногу се должи на штетната исхрана која  постојано  се консумира.  А можно ли е  и животните да се здебелат? Еве што ќе се случи, доколку  водата во Серенгети е газиран пијалок со додаден шеќер.

- Реклама -