Дали би се осмелиле на масажа со змии?

Како масажата со вулкански камења да не е доволна, па љубителите на „релаксацијата“ полудеа за новиот спа хит: масажа со змии.

Идејата да се користат змии во терапијата настана во Џакарта каде чини 47 долари, што е скапо доколку се земе во предвид дека една обична масажа во просек чини околу 10.

Посетителите на голата кожа на грбот ставаат џиновски питони кои ги грчат своите мускули и на тој начин наводно ги опуштаат пациентите и го ослободуваат стресот.

Менаџерите на „Snake Spa“ центарот тврдат дека змиите се движат по налет на адреналин, кој е добар за метаболизмот на човекот. Персоналот на спа центарот стои веднаш до личноста со цел да спречат некои непредвидени проблеми.

Ваква масажа најблиску можете да најдете во Белград каде постои еден ваков салон кој ја нуди оваа услуга, но ретко кој може да си ја припушти со оглед на тоа што чини вртоглави 300 евра.

http://youtu.be/RudPvk6Gcxw

- Реклама -