Ние сме живи благодарејќи на Неандерталците

НеандерталциНие си замислуваме дека поголемиот мозок на Homo Sapiens е причината поради која човечката раса преживеала. Но ние не би постоеле денес ако не биле Неандерталците. Студии покажуваат дека голем дел од силата на нашиот имунитет потекнува од гените добиени од нашите пештерски братучеди.

Според истражувањето на имунологот Питер Пархам мешањето со Неандерталците на нашите претци им пренело готов коктел од ДНК која била неопходна за борба против болестите кои биле чести во северната клима.Ова исто така ја забрзало нашата еволуција, и ни дало сила и отпорност потребна за населување на светот. Истражувањето ослободено минатата година покажало дека нашите предци не можеле да одолеат на шармот на Неандерталците пред десетици илјади години

Како резултат на тоа, во сите нас има по малку од гените на Неандерталците. Во некои делови од светот, до 4 проценти од ДНК на луѓето потекнува од кусите мускулести пештерски луѓе. Ново истражување покажува дека оваа ДНК била корисна за нас. Професор Пархам, од Стенфорд Универзитетот во Калифорнија, се фокусирал на група од над 200 гени наречени човечки леукоцит антигени кои се клуч за работата на имунитетот.

Тој покажал дека некои од нашите HLA гени се идентични со оние кај Неандерталците. Меѓу овие бил и еден ген од имунитетот на Неандерталците наречен HLA-C*0702, кој е релативно чест кај модерното население на Европа и Азија, но не е присутен кај модерното население на Африка. Експертите веруваат дека модерниот човек и Неандерталците делеле заеднички предок во Африка. Пред околу 400.000 години, раните Неандерталците ја напуштиле Африка и се упатиле кон Европа и Азија.

Сепак, нашите предци останале и еволуирале во модерните луѓе. Резултатите на професор Пархам можат да бидат објаснети со мешањето помеѓу двете „племиња“ пренесувајќи имунитет развиен од Неандерталците по напуштањето на Африка. Професорот рекол дека ова мешање на модерниот човек му пренело „хибридна виталност“ која му овозможила да го насели целиот свет. Мет Поуп, експерт за еволуцијата на Неандерталците од University College London изјавил дека модерниот човек имал придобивка од оваа ситуација.
 
„Наместо да еволуираат од нула по преселбата од Африка во Европа и Азија, оваа интеракција овозможила брза адаптација на нови средини.“ [Was the human race given an ever-lasting boost by breeding with Neanderthal man]

- Реклама -