Научници изучуваат антиматерија

антиматеријаНаучници заробиле и складирале атоми на антиводород во времетраење од рекордни 16 минути, технички подвиг кој ветува поголемо разборање на мистериите на антиматеријата. При судир на честичките и античестичките доаѓа до меѓусебно уништување во мала експлозија на енергија.

Во моментот на големата експлозија, пред речиси 14 милијарди години, материјата и антиамтеријата постоеле во еднакви количини. Ако таа рамнотежа опстоела, Универзумот во кој живееме најверојатно немало да настане. Поради непознати причини, и за наша среќа, природата ја одбрала материјата, и денес антиматеријата е ретка. Оваа асиметрија останува една од најголемите загатки во физиката на елементарни честички.

Но нискоенергетските експерименти врз атоми на водород би можеле да бидат клучен чекор кон решавањето на оваа загатка. „Можеме да ги задржиме атомите антихидроген до 1000 секунди. Тоа е доволно долго за да почнеме да ги проучуваме – дури и со малите количини кои можеме да ги заробиме во моментов“ изјавил Џефри Хангст, претставник на ALPHA тимот кој ги извршува тестовите во Европската Организација за Нуклеарно Истражување (CERN) во Женева.

Во студијата истражувачите велат дека заробиле околу 300 антиатоми. Научниците го користеле високоенергетски акцелератор за да создадат атоми на антиводорд, по што истите ги изладиле до речиси апсолутна нула. Целта е со помош на ласери и микробранова спектроскопија да ги споредат имобилизираните честички со атоми на водород. Истиот тим минатата година успеа за првпат да зароби десетици атоми антиматерија и да ги имобилизира за дел од секундата. [Scientists ‘trap’ and study elusive anti-matter]

- Реклама -