Климатски промени ги избркале Викинзите

ГренландСтуден период во дванаесетиот век на Гренланд би можел да објасни зошто доселениците Викинзи исчезнале од островот. Според извештајот за кој научниците ги реконструирале температурите преку анализи на езерски талог од западен Гренланд од последните 5600 години и праисториските доселеници се соочувале со ненадејни промени на климата на островот.

„Климата има голема улога во изчезнувањето на Викинзите од Гренланд“ изјавил претставник на Браун Универзитетот. Според откритијата на научниците температурите паднале 4 степени во 80 години од околу 1100 година. Таква промена е груб еквивалент на опаѓање на сегашната просечна температура во Единбург, Шкотска на ниво на Рејкјавик, Исланд. Промената би уништила посеви и би била проблем за добиток.

„Постои дефинитивен тренд на ладење во регионот веднаш пред исчезнувањето на нордиците“ изјавил Вилијам Д’Андреа од Браун Универзитетот, предводник на студијата. Истражувачите имаат многу малку пишани или археолошки докази за да откријат зошто Викинзите ги напуштиле колониите на западниот брег на островот во средината на четиринаесетиот век и оние на источниот на почетокот од петнаесетиот.

Како потенцијални причини се неведуваат конфликти со домородните Инуити, потрага по подобри ловишта, екеномски стрес и природни промени на климата, најверојатно создадени од промени во температурата на сонцето или вулкански ерупции. Научниците претходно шпекулираа дека падот на температурата во пресрет на „Мало Ледено Доба“ од петнаесетиот век постепено ја скусило плодната земјоделска сезона и го зголемило нивото на мраз во морето со што била отежната поморска трговија со Исланд или нордиските земји.

Студијата од научници од САД и Британија, го додал претходно непознатиот пад во температрата во дванаесетиот век како можна причина за распадот на колониите. Викинзите пристигнале на Гренланд кон крајот на десетиот век, во топол период како сегашниот. „Имате период во кој летата се долги и топли, па правите поголеми фарми, и потоа ненадејно по една година температурите почнуваат да паѓаат, летата се скусуваат и стануваат постудени и вие не можете да создавате доволно сено“ рекол Д’Андреа.

Во студијата биле анализирани и постари промени во климата и нивниот ефект врз праисториското население на Гренланд, почнувајќи од Сакак културата, која постоела од пред околу 4500 до пред 2800 години. Научнците се плашат дека загревањето во дваесет и првиот век е предизвикано од климатски промени, настанати поради акумулацијата на гасови во атмосферата. Забрзаното загревање би можело да предизвика топење на мразот на Гренланд што би предизвикало проаст во нивото на морињата. [Greenland cold snap linked to Viking disappearance]

- Реклама -