Скршен рекордот за најоддалечено вселенско тело

експлозијаКатаклизмична експлозија на огромна ѕвезда на самиот крај на видливиот универзум би можел да биде најдалечниот настан виден од телескоп. Научниците веруваат дека експлозијата, која била забележана од вселенската опсерваторија Swift на NASA, се случила само 520 милиони години по настанокот на универзумот.

Ова значи дека на светлината и биле потребни неверојатни 13,14 милијарди години за да стигне до Земјата. Астрономите го нарекуваат настанот, кој Swift го забележал во април 2009 година, GRB 090429B. “GRB” е кратенка за “gamma-ray burst” – ненадеен пулс од високо-енергетска светлина за чија детекција е дизајниран телескопот.

Овие блесоци најчесто се поврзуваат со екстремно насилни процеси, како колабирањето на џиновски ѕвезди. „За ова би била потребна огромна ѕвезда, најверојатно 30 пати помасовна од нашто Сонце“ изјавил главниот истражувач доктор Антонио Кучиара од Универзитетот од Калифорнија, Беркли.

„Немаме доволно докази за да тврдиме дека ова е една од таканаречените “Population III” ѕвезди, односно првата генерација ѕвезди во универзумот. Но сигурни сме дека е во една од најраните фази на формирање на ѕвезди“ изјавил доктор Кучиара за BBC News. Swift, како што кажува името, делува брзо за да ги улови блесоците на гама зраци бидејќи истите опстојуваат само неколку минути.

За среќа ваквите експлозии оставаат сјај со различна бранова должина кој некогаш опстојува и по неколку дена, што им овозможува на други телескопи да го набљудуваат настанот и да одредат оддалеченост. Анализата на ваквиот сјај утврдила дека друг блесок кој се случил во неделата пред GRB 090429B е оддалечен 13,04 милијарди светлосни години, со што привремено станал „најоддалеченото тело во универзумот“.

Овој настан (GRB 090423) бил забележан релативно брзо, но на астрономите им биле потребни 2 години за да дојдат до проценка на оддалеченоста. Има и други кандидати за титулата „најоддалечени тела“. Хабл, на пример, при последното сервисирање во 2009 година бил опремен со уште посилни инструменти, и тимовите кои ги анализираат сликите од познатиот вселенски телескоп виделе галаксии кои се наоѓаат малку поблиску од GRB 090429B – потенцијално дури и подалеку.

Мора да се напомене дека кај ваквите набљудувања секогаш постои одреден степен на несигурност. Хабл се фокусирал на галаксии – збир од ѕвезди; а GRB 090429B е единствен настан, една ѕвезда. Што значи дека би можел да биде третиран посебно. Научниците имаат голема желба да ги анализираат овие огромни оддалечености бидејќи така учат повеќе за еволуцијата на раниот универзум, што би можело да им открие зошто космосот изгледа како што изгледа. Тие особено сакаат да ги најдат ѕвездите од првата генрација. Овие жешки, сини џинови би се формирале од студениот неутрален гас од кој бил создаден младиот космос. [Cosmic distance record ‘broken’]

- Реклама -