Завршена најкомплетната мапа на универзумот

мапаБритански астрономи ја претставиле најкомплетната 3D мапа на локалниот универзум. 2MASS Redshift Survey (2MRS) од Универзитетот од Портсмут опфаќа ѕвезди оддалечени и до 380 милиони светлосни години и за најзино завршување биле потребни 10 години. Оваа мапа е поблиску од сите претходни до галактичката рамнина – регион прекриен со вселенски прав.

Студијата детално мапирала региони претходно затскриени од нашата галаксија за подобро да можеме да го разбереме влијанието кои тие го имаат врз движењето на Млечниот Пат во однос на остатокот од универзумот. Карен Мастерс од Универзитетот од Портсмут ја презентирала мапата на прес-конференција на 218-та средба на Американското Астрономско Друштво во Харвард-Смитсониан Центарот за Астрофизика во Кембриџ, Масачусетс.

Таа изјавила: „2MASS Redshift Survey е совршено комплетен поглед на локалниот универзум – особено во близина на галактичката рамнина. Светлината од галаксиите поминува низ ‘redshift’ односно е развлечена во подолги бранови должини од проширувањето на универзумот. Колку подалеку е одредена галаксија, поголем е степенот на redshift, што значи дека мерењето на оваа појава ја дава оддалеченоста на галаксиите.“

„Тоа е виталната трета димензија во 3D мапа и ќе им овозможи на космолозите подетално да ја проучуваат околината.“ Порано овој месец, научниците претставија слична ваква масивна 3D мапа од универзумот, која беше една од најкомплицираните слики од космосот. Научниците веруваат дека SDSS III мапата ги проучила најсветлите предмети на небото и создала слика  слична на „гледање на месечината низ облаци“. [Scientists unveil most complete EVER map of the universe that extends to 380 million lightyears away]

- Реклама -