Китовите обожаваат поп музика

китовиГрбавите китови обожаваат добри песни, и секоја година по една популарна мелодија се шири низ машкото население. Според студијата мажјаците се единствените кои пејат, што значи дека целта на песната најверојатно е привлекување партнер.

Ако во светот на китовите постојат поп ѕвезди, тогаш тие најверојатно живеат во близина на источниот брег на Австралија бидејќи секоја популарна мелодија во последната деценија потекнува од таму. Мелодијата од таму се шири кон исток низ Јужниот Пацифик, од Австралија до Француска Полинезија, заразувајќи специфични групи китови кои почнуваат да ја пејат истата песна во текот на сезоната за парење.

Еден од истражувачите, Елен Гарланд од Универзитетот од Квинсленд, вели: „Како и типичната поп музика и овие мелодии најчесто не се оригинални. Ова би било како мешање на стара песна од Битлси со U2. Од време на време целосно ја фрлаат постоечката мелодија и почнуваа да пејат целосно нова песна.“ Единаесет годишната студија е опишана како „првото документирање на повторени, динамични културни промени кои се случуваат кај повеќе популации на голема географска површина“.

Она што останува мистерија е зошто китовите ја пејат истата песна, кога се претпоставува дека нивните напори имаа за цел да ја одделат единката од групата. „Мислиме дека оваа потрага по идеална песна кај мажјаците е со надеж дека единките ќе се истакнат како малку поразлични и со тоа ќе бидат попривлечни за спротивниот пол“ додала Гарланд. „Но тогаш гледаме нешто спротивно, како нагонот кај сите мажјаци да ја пејат истата песна, покажувајќи потреба за конформирање.“ [Whales ‘can’t resist a catchy pop tune’]

- Реклама -