Живот во вселената

Молекуларен облакВселенскиот телескоп Хабл првпат беше насочен кон мистериозна зелена топка во вселената која навидум е жива. Чудната светлечка топка „раѓа“ нови ѕвезди, од кои неколку се стари само околу 2 милиони години.

Оваа топка гас првпат била откриена во 2007 година од страна на учителка од Холандија кој ја именувал “Hanny’s Voorwerp” (Ханис Форверп). Форверп е холандскиот збор за објект. Делови од зелената топка колабираат создавајќи притисок кој формира ѕвезди. Ваквите небесни тела се наречени молекуларни облаци и тие најчесто се наоѓаат во просторот помеѓу галаксиите.

Овој облак има големина колку нашата галаксија и од нас е оддалечен 650 милиони светлосни години. Облакот главно се состои од водород кој е остаток од блиска средба на две галаксии, а неговата светлина е всушност рефлектирана од квазар кој се наоѓа во една од галаксиите. Овој предмет бил откриен од Хани ван Аркел, која тогаш имала 24 години, кога учествувала во проект наречен Galaxy Zoo во кој сите кои изразиле желба добиле шанса да прегледуваат архивирани фотографии на ѕвезди со цел да се изврши каталогизирање на нови предмети.

Фотографијата направена од вселенскиот телескоп Хабл

молекуларен облакВан Аркел вели дека кога првпат го видела чудниот предмет во 2007 година тој изгледал син и помал. Фотографијата од Хабл е почиста и дава подобро објаснување за тоа што се случува околу предметот. „Изгледаше како сина дамка“ изјавила Ван Аркел за The Associated Press. „Сега изгледа како жаба која танцува на небото, бидејќи е зелено.“ Таа вели дека дури препознава и раце и очи во обликот. По откритието на Ван Аркел, астрономите барале слични предмети и досега имаат најдено 18. Но, сите тие се двојно помали од Hanny’s Voorwerp. [Hubble telescope zeroes in on green blob in space]

- Реклама -