Остатоци од човечки претци откриени во Израел

Праисториски забИзраелски археолози тврдат дека ги нашле досега најстарите докази за постоењето на модерниот човек. Ако нивното тврдење е вистинито, тогаш тоа претставува пореметување на постоечката теорија за потеклото на човекот.

Тимот од Универзитетот во Тел Авив што ископувал во пештера во централен Израел тврди дека забот што го нашле во пештерата е околу 400.000 години стар и е сличен на забот на модерниот човек, во науката познат како Homo Sapiens. Претходните најстари остатоци на Homo Sapiens се стари околу 200.000 години.
Праисториски заб„Многу возбудливо да се дојде до овој заклучок“ изјавил Ави Гофер, чиј тим го тестирале забот со компјутерска томографија и ја процениле неговата старост според слојот на земја во кој бил пронајден. Тој потенцирал дека за тврдењето да биде дефинитивно потврдено се потребни повеќе тестови, но ако тврдењето е точно, тој вели: „Ова ја менува целата слика за еволуцијата.“

Општоприфатената научна теорија е дека Homo Sapiens потекнува од Африка, од каде што се проширил во остатокот од светот. Гофер вели дека ако биде потврдено дека остатоците припаѓаат на претците на модерниот човек, тоа би значело дека човекот потекнува од Блискиот Исток. Сер Пол Меларс, експерт по праисторија од Универзитетот Кембриџ, вели дека студијата има одредена тежина, и дека откритието е „важно“ бидејќи не постојат многу остатоци од тој период, но додава дека тврдењето дека остатоците се од човек се избрзани.

„Врз основа на приложените докази, мали се шансите дека тврдењето е вистинито“ додал Меларс. Тој вели дека остатоците најверојатно припаѓаат на братучедот на модерниот човек, неандерталецот. Според општоприфатените научни теории, модерниот човек и неандерталецот потекнуваат од заеднички предок кој живеел во Африка пред околу 700.000 години. Едната група мигрирала во Европа и се развила во неандерталците, кои подоцна изумреле. Другата група останала во Африка и еволуирала во Homo Sapiens – модерниот човек.

Според Меларс, забите се најчесто неверодостоен индикатор за потеклото, и анализа на остатоци од черепи подефинитивно би го идентификувала видот откриен во пештерата во Израел. Израелскиот архоелог Гофер вели дека е убеден дека неговиот тим ќе пронајде черепи и коски ако продолжат со ископување. Праисториската пештера Кесем била откриена во 2000 година, а искуопувањето започнало во 2004. [Researchers: Ancient human remains found in Israel]

- Реклама -