Крафтверк спремни за нов албум

Пионерите на електронската музика Крафтверк се подготвени за нивниот девети албум, кој ќе го наследи последното издание од 2003 година „Tour de France Soundtracks“, соопшти во интервјуто за „Гардијан“ Ралф Хутер, член на бендот.

Хутер, единствениот член од оригиналната постава на бендот, изјавил дека групата започнала со работа на новиот албум, но не можел да потврди кога тој ќе биде готов и ќе се најде на пазарот.

„Сега можеме да се сконцентрираме на број 9, тоа е музика без престан“ рекол тој.

Сличен нејасен одговор Хутер даде и минатата година за „New York Times“ кога најави како следниот албум на бендот е „на пат“ и дека ќе биде објавен наскоро.

Приказните околу новиот материјал на Крафтверк започнаа да се појавуваат во 2009-та година кога Хутер изјави дека планираната плоча ќе биде првата на кој нема да учевствува коосновачот на бендот Флоријан Шнајдер, кој ја напушти групата во 2009-та после речиси 40 години од нејзиното основање.

[youtube]http://youtu.be/okhQtoQFG5s[/youtube]

- Реклама -