Фотографиран редок вид на гепард

Сахарски гепардРеткиот сахарски гепард неодамна привлече внимание кога беше фотографиран од скриена камера во Нигер, Африка. Овој тип на гепард е карактеристичен по бледото крзно, прегладнетиот изглед. На фотографијата, мачката која има мали точки по телото, гледа кон камерата.

Изгледот, и генетската поврзаност на сахарскиот гепард (Acinonyx jubatus hecki) со останатите гепарди е отворено прашање. Сè што е познато за овој вид е базирано на само неколку фотографии направени во јули и август. „Мислам дека бевме повеќе среќни отколку изненадени кога ги видовме фотографиите, бидејќи знаевме дека гепардите се наоѓаа во таа област по нивните траги“ изјавил Џон Њуби член на тимот што ги направил фотографиите.

„Но, областа е толку голема што е потребна многу среќа и добра проценка за позиционирањен на камерите, особено поради реткоста на ова животно. Овие гепарди се толку ретки и тешки за наоѓање што научниците не се сигурни колку единки постојат, но проценуваат дека пустината Термит и Тин Тоума во Нигер е дом на помалку од 10 единки. На целата територија на Сахара најверојатно постојат помалку од 200 гепарди.

Со изумирањето на овие гепарди би бил загубен важен генетски и биолошки диверзитет, бидејќи овие животни се адаптирани за преживување во екстремни пустински услови. Нивниот дом може да достигне температура и до 45 степени, и е толку сув што не постојат поила. „Тие најверојатно ги задоволуваат потребите за вода преку нивната храна“ вели Њуби. [Elusive Saharan Cheetah Captured in Photos]

- Реклама -