Пронајден скелет со медитеранско потекло близу Стоунхенџ

СкелетНеодамна, на 3 километри југоисточно од Стоунхенџ, еден од најмистериозните праисториски споменици во светот, бил откопан скелет. По направените исражувања, се покажало оти потеклото на младото момче што таму било закопано е од Медитеранот.

Неодамна, на 3 километри југоисточно од Стоунхенџ, еден од најмистериозните праисториски споменици во светот, бил откопан скелет. По направените исражувања, се покажало оти потеклото на младото момче што таму било закопано е од Медитеранот.

СкелетСкелет, што се проценува дека потекнува од младо момче (приближно на возраст од 14-15 години), бил пронајден во ископување на 3 километри југоисточно од Стоунхенџ, во јужниот дел на Англија. Според погребните орнаменти, „Момчето со ѓердан од килибар“ (како што скелетот беше наречен) е припадник на богато семејство, а според карактеристиките на коските, било утврдено дека потеклото на момчето е од Медитеранот, стотици километри од неговиот гроб. Со изотопско тестирање, било потврдено дека приближната старост на овој скелет е 1550 година п.н.е.

Ова не е првпат да бидат пронајдени остатоци од луѓе што не му припаѓаат на локалното население, што повлекува заклучок оти во праисторијата, Стоунхенџ бил прилично важно собиралиште на аџии од целиот свет. Но, тоа ни оддалеку не ја одгатнува мистеријата за овој споменик (кој во една или друга форма) постои веќе 5 илјади години. Напротив, само ја продлабочува. Постојат повеќе теории околу намената, кои варираат од астрономска опсерваторија, па до место за исцелување. Сепак, едно е сигурно, тајната на Стоунхенџ ќе остане тајна уште долго време. [Stonehenge skeleton came from Mediterranean]

- Реклама -