Што ако маж направи тест за бременост?

Е сега мокрењето на стапче е стресно и за двата пола.

Пред неколку месеци се појави интернет стрипче на кое се исмејува моментот кога тестот за бременост ќе го направи маж и ќе се покаже позитивен.
Тоа не значи дека мажот е труден, туку дека има рак на тестисите. Др. Марк Померанц специјалист по онкологија, изјавил за ABC, дека одредени типови на рак кај тестисите го произведуваат хормонот  човечки хорионски гонадотропин во урината, врз основа на кој тестот за бременост утврдува дали е позитивен или негативен.

Позитивната страна на приказнава е дека, дечкото што бил инспирација за стрипов, откако ги прочитал коментарите на стрипот, бил на доктор и му пронашле тумор на еден од тестисите кој бил во почетна фаза.

- Реклама -