Сораја се налути: Не сум старлета

Сораја се навреди кога во една емисија ја нарекоа старлета.

Сораја гостуваше во емисијата „Скандалозно“, а една од темите на разговор со поранешната станарка на „Големиот брат“ била нејзината колешка, исто така, старлета, Станија.

„Супер е. Мислам дека не се фолира и дека се покажа супер“, рекла Сораја за Станија во врска со нејзиното учество во „Фарма“ додавајќи што мисли за нејзините голи фотографии.

„Ако некој мисли дека има убаво тело, нека се слика гол. Што има врска, мене не ми смета тоа и не сум компетентна да зборувам за другите“.

Кога ја прашале која од нив две е подобра старлета, Сораја се налутила велејќи дека таа не е тоа.

- Реклама -