Home Технологија Наука 15 интересни факти за животните

15 интересни факти за животните

0

Повеќе...Иако живеат меѓу нас, сепак светот на животните и инсектите не ни е доволно познат. Еве неколку факти кои ќе ви помогнат малку подобро да се запознаете со нив. Некои факти се необични, некои бизарни – но сите се интересни.

Иако живеат меѓу нас, сепак светот на животните и инсектите не ни е доволно познат. Еве неколку факти кои ќе ви помогнат малку подобро да се запознаете со нив. Некои факти се необични, некои бизарни – но сите се интересни.

12433743798f3amzi

1. Тутуарата е вид на гуштер кој живее на Нов Зеланд и се верува дека постои најмалку 200 милиони години. Најфасцинантниот факт кај овој гуштер е неговото трето око – заедно со леќа, рожница и нервно ткиво кое е поврзано со неговиот мозок. На возраст од 6 месеци нивното око е веќе покриено со крлушки. На сликата е бебе тутуара. Овие гуштери се единствените членови на видот sphenodontia genus.

2. Некои видови на мравки ја испраќаат својата кралица во соседното гнездо, каде што таа ја одгризува главата на тамошната кралица и почнува таму да си ги положува своите јајца.

3
.Во просек, ајкулите убиваат 10 луѓе секоја година. Додека пак, во просек, 100 луѓе секоја година умираат од нагазување на крави. Па, бидете повнимателни наредниот пат кога ќе се најдете во стадо крави.

4. Клукајдрвците, во просек, си ја удираат својата глава во дрвото 20 пати во секунда. Од повреда ги штити сунѓерестата област која е позади нивниот клун и служи како амортизер.

5. Во 17 век, додека анти католиците биле во борба со пуританскиот свет, пуританците имале обичај да стават мачки во дрвените скулптури на Папата и да ги запалат. Слушањето на мачните пискотници ним им претставувало задоволство.

6. За разлика од многу животни и инсекети, зборот пеперутка не е ист на сите Европски јазици. Во Германија е schmetterling, во Франција е papillon, во Шпанија е mariposa, во Италија е farfalla, во Холандија е vlinder, а во Португалија е borboleta.

7. За да повраќаат, некои видови на жаби си ја исфрлаат целата утроба, вадејќи ја со својата десна рака, а потоа ја враќаат назад.

hoatzin1

8. Птицата hoatzin е вегетиријанска птица, која поради својата строга диета, има стомак сличен на кравите за да им помогне при варење на храната. Потребата од големи количества храна ги прави овие птици многу тешки и лоши летачи. На сликата е прикажана една од поубавите птици од тој вид.

9. Морските крави имаат два заба под нивните колена, па најверојатно поради тоа приказните за морските сирени биле пренесувани низ целиот свет.

10. Џиновската желка често е убивана поради нејзиното вкусно масло, кое според Холанѓаните било единствениот начин за месото од (сега изумрената) птицата Додо да биде повкусно. Маслото на оваа желка може да најаде неколку луѓе, а и секоја состојка на истата е многу вкусна.

11. Тапен е името на чепот направен од листови, смола и сало, кој мечките го подготвуваат и го впикаат во нивниот ректум пред нивната 3 месечна зимска хибернација. Ова е за да ги спречат инсектите да влезат и да ги положат своите јајца.

12. Домот, односно тунелот на мравките може да биде длабока до 3 метри. Секој тунел е изграден за различна намена. Дното е за јајцата, додека пак другите се за ларвите, кралицата, новата кралица и склад за храна.

13. Лилјаците со леснотија успеваат да се закачат наопаку поради нивните канџи, кои се спојуваат на објектот од кој тие висат. Кога лилјак ќе умре на овој начин, тој останува да виси поради неговите споени канџи.

14. Симболот со двоглав орел на византинската империја има специјално значење. Едната глава го симболизира стариот империјален Рим, а другата го симболизира Константинопол, главниот град на византинската империја, познат и како Нов Рим.

giant_weta

15. Џиновската вета е инсект од Нов Зеланд на кој телото може да му биде големо колку на глушец. Исто така, во просек, тежи колку гулаб. На сликата е покажано како возрасен маж држи еден ваков инсект, за да ни даде споредба за неговата големина. Овие инсекти касаат само кога се во опаснот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here