Дали рибите чувствуваат болка?

yellow_fishЗа многумина, рибите се пливачки протеини, здрава храна која лесно ја вадиме од езерата и морињата. Меѓутоа, научниците сега се убедени дека рибите, кои порано беа симбол за примитивен и неинтелигентен облик на живот, не само што чувствуваат болка, туку имаат и комплексен емоционален живот.


underwater-suffering-do-fish-feel-pain_1За многумина, рибите се пливачки протеини, здрава храна која лесно ја вадиме од езерата и морињата. Меѓутоа, научниците сега се убедени дека рибите, кои порано беа симбол за примитивен и неинтелигентен облик на живот, не само што чувствуваат болка, туку имаат и комплексен емоционален живот.

Како што наведува авторката на книгата „Дали рибите чувствуваат болка?, нема логична причина зошто и рибите не би уживале во истите привилегии во кои моменталнално уживаат птиците и цицачите. „Чувствуваат ли рибите болка?“ не е книга која произлегла од перото на некој милитантен веган, туку од морски биолог, кој воедно рибите и ги конзумира. Заклучоците кои ги наведува авторката Victoria Braithwaite се доста изненадувачки бидејќи не сме навикнати да ги гледаме рибите како емотивни суштества.

Првото прашање е имаат ли рибите сетила кои им овозможуваат да чувствуваат болка?  Се до крајот на 90-тите години од минатиот век одговорот на ова прашање беше непознат. Кај цицачите специјалните детектори на болката, познати како ноцицептори, го пренесуваат сигналот до мозокот кога доаѓа до повреда. Но сега знаеме дека и рибите ги имаат овие рецептори.

Авторката направила неколку експерименти за да го докаже тоа. Користејќи две хемикалии, отров од пчела и оцет, Др. Braithwaite покажа дека рибите, на кои овие болни стимуланси им биле инјектирани во пределот на устата, реагираат многу поинаку од оние на кои не им биле инјектирани, и тоа така што го тријат болното место и губат интерес за храна додека отровот не престане да делува. Кога овие резултати беа објавени во 2003 предизвикаа вистинска медиумска бура.

Нашето разбирање на животинската интелигенција се менува секојденвно. Слоновите, приматите и делфините имаат способност за препознавање на својот лик во огледало. Но што е со рибите? Научниците во Мадрид открија дека златните рипки, инаку синоним за глупавост, имаат способност за учење и памтење на патот низ лавиринт. Некои видови тропски риби имаат способност за учење начини на борба и одбрана, едноставно набљудувајќи ги своите противници. Тоа се нарекува транзитивна интерференција, а луѓето се способни на таков вид учење дури откако ќе наполнат 4 години.

Луѓето годишно убиваат неверојатни 500 милијарди риби, а начинот на кој умираат, со задушување и промена на притисокот не е ниту малку пријатен. Пред 20 години на никој не му беше гајле за птиците. Но денес, благодарејќи на свесноста за правата на животните и потребите за подобри услови, нивната слобода на движење е речиси правило. Дали и рибите ќе добијат свои права? [Do fish have feelings too? It’s a slippery question for science]

- Реклама -