Фотографии од промената на годишното време на Плутон

ПлутонЕдна година на некогашната планета (а сега џуџеста планета) Плутон трае 248 години на Земјата. Вчера, НАСА ги објави фотографиите направени во 2003 и 2004 година со вселенскиот телескоп Хабл, на кои за првпат, детално е документирана промената на годишното време на Плутон.

Една година на некогашната планета (а сега џуџеста планета) Плутон трае 248 години на Земјата. Вчера, НАСА ги објави фотографиите направени во 2003 и 2004 година со вселенскиот телескоп Хабл, на кои за првпат, детално е документирана промената на годишното време на Плутон.

ПлутонНаучниците од НАСА веруваат дека промените во бојата на џуџестата планета што се наоѓа на работ од нашиот сончев систем се должи на зголемените нивоа на ултравиолетова радијација што стигнуваат дотаму од далечното Сонце (поради променетата положба во текот на револуцијата). Ова доведува до топење на замрзнатиот метан на површината и ослободување на гас што предизвикува создавање на тенок атмосферски слој кој ќе исчезне штом планетата одново почне да се оддалечува.

Плутон
[Hubble sees Pluto changing color, ice sheet cover]

- Реклама -