4 видови магија овозможени од модерната наука

МагијаДо сега, она што се сметаше  за магија беше еднакво на измама, шарлатанство, трикови. Но, повеќе не. Модерната наука всушност стигна до степен кога може да ги направи реални нештата кои порано постоеја само во приказните. Проверете како.

До сега, она што се сметаше  за магија беше еднакво на измама, шарлатанство, трикови. Но, повеќе не. Модерната наука всушност стигна до степен кога може да ги направи реални нештата кои порано постоеја само во приказните. Проверете како.

Mисли4. Читање мисли

Со векови наназад постојат шарлатани кои за одреден финансиски надомест ќе ви ги „прочитаа мислите“. Начинот на кој се прелажуваа наивните беше еден процес кој се вика „ловење во матно“. „Читачот“ кажува бледи и неодредени нешта, а вие, нестрпливи му потврдувате, давајќи му детали, кои потаму ги искористува за да ја заокружи приказната. На крајот, испаѓа дека му плаќате за еден обичен разговор.

Науката најде начин да го направи читањето мисли реалност. Тоа се прави преку магнетната резонанца. Научниците на Беркли направиле снимки на мозокот во различни состојби. Потоа, со внимателна споредба на резултати дошле до начин, со 90% точност да одредат што мислите во моментот. Застрашувачки, нели?

Алхемија3. Алхемија

Барем еднаш во животот сте чуле за алхемија – уметноста на претворање на ѓубре во скапоцени материи (првенствено злато). Долго време пред почетоците на модерната наука, човештвото било опседнато со оваа „наука“. Сепак, најблиску што дошле до создавање злато (и измамување на инвеститори) е мешањето сулфур со златен прав и добивање жолта течност. Значи, она што им требало за да направат злато, било само малку злато. Едноставно, нели?

Научникот Глен Сиборг, уште во 1980 година успеал случајно да создаде злато од бизмут, додека експериментирал со промена на бројот на протони во атомот. Процесот е малку комплициран одошто звучи, но на крајот тој беше првиот човек кој успеа да го оствари вековниот сон на алхемичарите. Секако, тој создал само неколку илјади атоми и цената на чинење на целиот процес далеку ја надминува вредноста на добиеното злато, но сепак, тој го направил тоа. Денес, овој метод се користи во експерименти со кои научниците се обидуваат да го претворат радиоактивниот отпад во нешто неопасно, па дури и корисно.

Дланка2. Читање дланки

Уште откако човекот го открил имагинарниот свет на суеверијата и религиите, секогаш имало некој што „знаел“ да ви ја претскаже иднината читајќи нешто. Најпопуларната форма на „читање“ била онаа на дланките. Секој човек има различен распоред на линиите на дланките, па оттаму и неограничена можност за смислување приказни, за манипулација со „пациентите“.

Генетиката ни откри интересни нешта за дланките со кои денес веќе можеме да ја „прочитаме“ иднината. Еден од тие начини е веќе споменатиот тест за хомосексуалност. Друг начин е во распоредот на отпечатоците на прстите. Некои од нив се веќе идентификувани како знаци за носење гени за некои наследни болести. Иако овие нешта не се спектакуларни како предвидувањата дека ќе добиете на лотарија или ќе се омажите со принц, имајте на ум дека овие се базирани на здравиот разум.

Кристална топка1. Предвидување на иднината

Овде сите лудаци го добиваат својо џек-пот. Не е важно дали ќе предвидат 1000 погрешни нешта, доволно е едно нешто да се погоди точно (од типот на: „Предвидувам катастрофа, некаде на планетава, во следната година“) и сите следбеници паѓаат во транс и им ги префрлаат своите животни заштеди или пак плаќаат огромни тарифи за телефонски разговор со нив. Се случувало од којзнае кога и што е најжално, ќе се случува уште долго време.

Но, добра вест! Науката е на најдобар пат да го овозможи предвидувањето на иднината. Единственото нешто што уште не е доработено е софтверот, а на тоа се работи со несмалена брзина. Инаку, имаме толку моќни компјутери кои без проблем ќе ги заменат кристалните топки. Со внесување на податоци од минатите и сегашните настани, компјутерите (со доработениот софтвер) ќе бидат во можност, преку пресметување на каузалитетот (причинско-последичната врска) да дојдат до приближни предвидувања за секој можен исход од секоја можна ситуација. Штета што така шарлатаните ќе останнат без заработка…

- Реклама -