Предности и недостатоци на одмор вон сезона

Многу од луѓето кои бараат одмор во вистинска смисла на зборот, сакаат да патуваат во слабата туристичка сезона. Тогаш обично гласните и преполни летувалишта  се некако пусти и нереално потивки, а цените – значително  пониски. Но тоа има и предности и суштински недостатоци. Да ги прегледаме накратко.

article-2226410-15CCED43000005DC-775_634x404
Во туристичката индустрија термините „силна (висока) сезона” и „слаба (ниска) сезона” се резултат од движењето на туристи во одредена дестинација за одреден временски период. Така за  ВО сезона,  се прифаќа периодот јули – август за летото и декември – февруари за зимата. Соодветно во категоријата ВОН сезона спаѓаат  месеците непосредно пред и по нив (мај / јуни, септември, ноември и март / април).

Се разбира, тие можат да варираат во зависност од локација на одредена дестинација (море или планина) и од климатските специфичности на државата.

Предности 

£9+holiday+offer

Цените на туристичките услуги се значително пониски, што е главен фактор при планирањето на одмор, бидејќи може да се почива со ограничени средства, па дури и да заштедите.

Одморалиштата се празни. Не се чека во редици пред местата и атракциите, секогаш има билети за избраниот тип на транспорт, а на фотографиите не присуствува цела толпа непознати.

Климата е поповолна. Времето во преодните месеци е доволно соодветно да се уживаат сите природни богатства, без да сте изложени на екстремни температурни услови кои ги носи „шпиц“ сезоната.

Можете да си дозволите повеќе флексибилност во организацијата. Поради ниската вработеност на туристичката база речиси насекаде ќе се најдат слободни места, без резервација. Што значи дека не мора да го размислувате секој детал и едноставно да импровизирате во текот на патувањето.

beach

Можете – подобро да ја запознаете локалната култура. Ова е особено добро, доколку се одлучите за дестинација каде има   историски знаменитости. Контактот со локалните жители ќе ве збогати со знаење,  ќе ги запознаете локалните обичаи, традиции и настани.

Станувате сведоци на значајни настани: фестивали, собири и културни вечери.
Недостатоци

Holiday-In-Maldives 

Многу атракции не работат или работат со ограничено време. Поради недостаток на туристички проток, доволно им е да ги надоместат трошоците на работењето и одржувањето на објектите, многу од нив отвораат само на почетокот на силната сезона, а во останатото време функционираат во одреден временски интервал или воопшто не се достапни.

Помалку туристички информации и услуги. На слабата сезона туристичките услуги се уште не работат во полн капацитет. Ова важи за туристички канцеларии,  транспортните средства, дури и за сетот од хотели и ресторани. Што практично ви го прави изборот ограничен.

Деновите се – кратки, а времето – променливо – што значи дека и времето за активности на отворено е ограничено. Не заборавајте да носите облека за различни климатски услови.

Buddy-Dive---Empty-Bar

Се вршат многу поправки и реставраторски активности. Да, скелето го загрозува  пејзажот, но за да ја  задржат атрактивноста, спомениците треба да се одржуваат, нели? А недостатокот на туристи во слабата сезона овозможува целосно и брзо завршување на процесот.

Недостасува живот. Ако барате изолација, тоа најверојатно ќе ви изгледа повеќе предност. Сепак, празните установи, тишината по улиците, темните згради и спокојството одземаат голем дел од шармот на вашето  омилено одморалиште.

- Реклама -