5 употреби на детската пудра кои никогаш не би ви текнале

Корисните функции на некои производи што ги имаме по дома знаат да бидат и тоа како изненадувачки. А детската пудра е еден од нив. Нејзината улога за впивање влага е добро позната, но време е да ги дознаете сите нејзини моќи – како на пример онаа за бркање гости од домот.

1.Го неутрализира непријатниот мирис од обувките

Целодневното носење на еден пар чевли може да резултира со непријатен мирис кој лесно може да се отстрани со детската пудра. Во чевлите ставете пудра и нека остане преку ноќ, а наутро пред обување истресете го правот.

100_4488

2.Борец против мравките

Со пролетта доаѓаат и мравките во нашите домови. Овие непоканети гости може да ги избркате со нанесување пудра на клучните места на нивно собирање затоа што мравките не го поднесуваат нејзиниот мирис. Ова е одлично решение за кебињата кога одите на пикник.

3. Сојузник против потењето

4282267987_44ae2d9f88_z

Многу од нас во текот на спиењето имаме проблем со потењето и се будиме во мокри пижами. Детската пудра е одлична и во овој случај совршено ја впива влагата, а доволно е на чаршавите пред спиење да ставите малку од неа.

4. Брзо решение за експресна нега на милениците

Доколку немате време да му направите купка на вашето милениче, а непријатниот мирис на неговите влакна не може да го поднесете, послужете се со детска пудра. На памучна крпа нанесете пудра во дебел слој и втријте ја во влакната на миленичето.

5.Ефикасен собирач на влагата

Rubber-gloves

Ако при чистење користите гумени ракавици веројатно многу пати ви се случило после едно носење да не можете повторно да ги навлечете на рака. Причината за „непослушноста“ е влгата во ракавиците која најдобро ќе ја впие мала количина на детска пудра.

- Реклама -