Titan 80-300 – Најпрецизниот микроскоп на светот

intro_micro.jpg Најнапрединот микроскоп, преку кој е можно да се видат и атомите, конечно е поставен во истражувачки центар при McMaster University во Канада.

Најнапрединот микроскоп, преку кој е можно да се видат и атомите, конечно е поставен во истражувачки центар при McMaster University во Канада.

micro.jpgРезолуцијата со која располага овој микроскоп, Titan 80-300 е слична на таа на Hubble телескопот. Разликата е во тоа што Hubble е насочен кон ѕвездите, а пак Titan 80-300 микроскопот е насочен кон атомите. Со негова помош сега доста лесно може да се идентификува атомот и да се извршуваат мерења.

За да му се овозможи да ја искористи својата моќ и перцизност, микроскопот е сместен во специјално дизајнирана просторија изолирана од вибрации, звук и под специјална собна температура.

Titan 80-300 се планира да се користи за испитување на протеините, козметичките средства и на лекарствата кои што би се користеле за лекување на ракот. Исто така во иднина би требало со негова помош да започнат испитувања со кои што би се помогнало при развојот на новите комјутерски технологии.

- Реклама -