Професии кои најмногу дебелеат

Новото истражување кое го спроведе интернет порталот „CareerBuilder“ откри кои професии најмногу му штетат на здравјето и имаат лошо влијание врз килажата.

Најмногу се дебелеат администраторите, IT експертите, инжинерите, медицинските сестри и професорите, покажа истражувањето кое беше спроведено врз 3600 Американци со полно работно време.

Дебелеењето на работното место е последица од стресот, прекумерното седење и нездравата исхрана.

Дури 70% од администраторите признале дека се здебелиле откако почнале да работат, а дека ја зголемиле килажата изјавиле и повеќе од половина испитаници од останатите професии.

Уште една причина која го предизвикува проблемот со тежината е недостатокот на време за вежбање. Така, само 5% од вработените вежбаат секој ден, додека секој десети не вежба никогаш.

Претпоставуваме дека кај нас оваа цифра е значително поголема.

- Реклама -