Мастика за џвакање што не се лепи

scigum114Благодарение на откритието на еден британски хемичар, лепливите улици би можеле да станат минато. Професорот Теренс Косгроув од универзитетот во Бристол создал мастики за џвакање кои се распаѓаат во вода и можат да бидат лесно отстранети. Сето ова има врска со новооткриениот полимер кој ја прави мастиката „хидрофилична“. Очекувајте ги новите мастики некое време догодина, а дотогаш фрлајте ги старите лепливи во корпа за отпадоци. [Chewing gum that doesn't stick]

- Реклама -