Физичката привлечност е поважна од љубовта

23265133_pЖените и мажите најчесто имаат сексуални односи поради телесната
привлечност, а поретко од љубов, заклучија научниците, кои анализираа
237 причини што може да доведат до полови односи.


23265133Жените и мажите најчесто имаат сексуални односи поради телесната привлечност, а поретко од љубов, заклучија научниците, кои анализираа 237 причини што може да доведат до полови односи.

Истражувањето покажа дека мажите и жените стапуваат во сексуални односи поради телесната привлечност и желбата за физичко уживање. Изразувањето емоции и покажувањето приврзаност кон партнерот се најдоа меѓу првите десет причини за почнување сексуални односи, но кај испитаниците и од двата пола првото место убедливо го зазема истиот причинител: привлечноста на другата личност.

Истражувањето беше спроведено меѓу студентите во универзитетот од Тексас, а научниците поставуваа прашање зошто луѓето имаат сексуални односи.

– Докажавме дека поголемиот број стереотипи за машките и женските причини за сексуални односи не важат во реалноста. Не е вистина дека мажите сакаат секс исклучиво поради физичко задоволство, а дека жените само пекаат по љубов – изјави психологот Синди Местон, една од учесничките во проектот.

Сексуалниот терапевт Ирвин Голдстеин додаде:

– Заборавете го она: мажите се од Марс, а жените од Венера. Тие, во суштина се исти. Разликите меѓу половите, кога станува збор за причините за впуштање во сексуален живот, се појавуваат само кај оние што имаат сексуални проблеми.

Една од поголемите разлики што беа забележани со ова истражување беше дека мажите почесто ја искористуваат пружената шанса, додека жените внимаваат на тоа како да го задоволат партнерот. виа.

- Реклама -