Пираните се страшливци

piranha-serrasalmusИ покрај нивната застрашувачка репутација, пираните се лигуши кои се
собираат во големи јата за да се заштитат од предатори, велат научници.


piranha-serrasalmus_manueli_01И покрај нивната застрашувачка репутација, пираните се лигуши кои се собираат во големи јата за да се заштитат од предатори, велат научници.

Истражувањето покажува дека пираните не се агресивни убијци, туку сештојади кои претежно се хранат со риби, растенија и инсекти, вели Ен Магуран од шкотскиот универзитет Сент Ендрус.

"Претходно се мислеше дека пираните се собираат во јата како кооперативна ловечка група. Меѓутоа, ние откривме дека тоа е пред се одбранбено однесување", вели таа.

Пираните се постојано напаѓани од предатори како речните делфини, кајманите (вид крокодил) и поголемите риби, како џиновската пиракуку.

"Нивното претпазливо однесување е пресудно да не бидат изедени", вели Магуран.

виа.

- Реклама -