Студенти измислија прашест алкохол

alkohol_ppХоландските студенти неодамна развиле прашест алкохол со боја и вкус на
лимон, за кој велат дека може да се продава легално и на малолетни.


alkoholХоландските студенти неодамна развиле прашест алкохол со боја и вкус на лимон, за кој велат дека може да се продава легално и на малолетни.

Најновата иновација наречена Booz2Go е достапна во пакувања од 20 грама по цена од 1-1.5 евра.

Едноставно ставете го правот во чаша и наполнете ја со вода, по што ќе добиете течност со боја и вкус на лимон со 3% алкохол.

Студентот Ван Елдерен и неколку соученици дошле на идеја да го направат овој прашок при нивниот финален заеднички испит на универзитетот.

„Затоа што алкохолот не е во течна форма, може да го продаваме и на лица под 16 години“ – вели еден од членовите на проектот Мартин Ван Ниероп.

Студентите истотака тврдат дека компаниите кои се заинтересирани да го произведуваат нивниот продукт ќе ги избегнат даноците бидејќи алкохолот е во прашеста форма.

- Реклама -