Жените преферираат посакувани мажи

zenippСо самото тоа што неколку жени ќе ви се насмевнат додека пешачите по
улица, доволно е за останатите во околината да ве сметаат за
попривлечен – се вели во едно англиско истражување.


 

zeni1

Со самото тоа што неколку жени ќе ви се насмевнат додека пешачите по улица, доволно е за останатите во околината да ве сметаат за попривлечен – се вели во едно англиско истражување.

Британските психолози, водени од Бенедикт Џонс од универзитетот во Абердин откриле дека кога се работи за избор на маж, жената ги зема советите од другите жени околу него. Што повеќе жени гледа како му се смеат, толку повеќе таа ќе го смета за „добар улов“.

„Рефлексот на копирање“ е резултат на Дарвиновиот притисок, според експертите за еволуција. Ако жената се соочува со повеќе потенцијални партнери и има проблем да избере еден, ќе се послужи со интересот на остатаните за него.

Истражувањата многу говорат за сексуалниот натпревар меѓу мажите и жените. „Посакуваните мажи“ се попривлечни за жените, но претставуваат опасност за другите мажи.

Помеѓу женките кај другите видови, „копирањето избор на партнер“ е забележано кај јапонските квали и зебра птици, но ова е првпат овој феномен да биде потврден и кај луѓето.

- Реклама -