Слушајте музика преку коските на главата додека пливате

Тешко е да пливаш и да слушаш музика – дури водоотпорните слушалки често паѓаат од ушите, а најголем проблем е тоа што повеќето такви уреди го користат воздухот како транспортна средина за звукот, а под водата нема многу воздух. Затоа звуците често се напорни и искривени од густата вода.

FINIS Neptune се справи со сите овие проблеми со тоа што ви го испраќа звукот директно во лицето. Всушност слушалките се поставуваат на образите, наместо во ушите и ги тераат коските да вибрираат со фреквенцијата на звукот од музиката, така вибрациите се пренесуваат по коските до тапанчиња! И слушате музика под водата.

Процесот се нарекува “коскена спроводливост” и се среќава кај некои морски цицачи. Neptune е ажурирана верзија на моделот SwiMP3 на истата компанија, кој се продава успешно веќе година. 4GB верзија на подводните слушалки чини 160 $. Ако решите да набавите слични, обидете се да не пеете под вода – не е особено здраво.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -