Вистински пролетен ручек што може да го подготвите во секое време затоа што сигурно ги имате сите потребни состојки во фрижидер.
Состојки: 1кг тиквица, 1 павлака, 100мл зејтин, сол, 100г брашно, 2 јајца, 1 чешне лук
Подготовка: Исечете ги тиквиците на кругчиња, посолете ги и оставете ги водата да излезе од нив. Од брашното, јајцата и водата направете смеса за поховање. Во смесата извалкајте ги тиквиците и испржете ги на загреан зејтин. Наредете ги во сад за печење, премачкајте со павлака, додајте исечкан лук, па повторете ја постапката додека имате материјал.
Добар апетит!