7 знаци по кои ќе препознаеш типично македонско купатило

Оделото не го прави човекот. Ама вецето го прави.

Освен тоа што е простор во кој човек поминува во просек 25% од животот, купатилото е и бункер во кој престануваат грижите за надворешниот свет, а на нивно место настапува чувството на слобода, мир и спокој. Каде го чистиш телото? Каде сереш? Каде мочаш? Каде решаваш Котелец? Каде ги переш чизмите за во нива? Каде читаш Бизнис Инсајдер? Во веце.

Кога ќе влезеш во нечие купатило и внатре ќе видиш фенси пешкири за нозе, четки за заби наредени по боја и големина, чисти пешкири и блескаво бела даска – знај дека тој човек е гомно од човек. За домаќин човек важат други правила. Еве кои се знаците по кој ќе го препознаете:

1. ПОГРЕШНА ПОЛОЖБА НА ТОПЛАТА И ЛАДНАТА ВОДА НА СЛАВИНАТА

634973361334263175_KF12101-1416[1]

Заради колективниот куробол на мајсторите водоинсталатери и домаќинот, во правото домаќинско купатило се случува топлата и ладната да си ги сменат позициите. Ама жив човек на сé се навикнува, освен ако тој жив човек голем дел од денот поминува на работа, особено во кафана, каде топлата и ладната вода на чешмата се прописно поставени, па кога ќе се врати дома инстинктивно да си пушти врела вода додека мие раце (миење раце со топла вода е за педерчиња!). Во таква ситуација може да дојде до проблеми и до благи опекотини на рацете, што може да е малку стресно, богами.

Поголем проблем може да настане кога водоинсталатерот, под дејство на ракија, обратно ќе ги постави цевките, и згора на тоа обратно ќе ги постави и капаците на славините (црвената на ладната, сината на топлата). Е тогаш веќе не се знае кој јаде и кој пие, и најдобро е рацете да се мијат во када (ако и таму не се обратно поставени славините). Обично трајно решение за проблемот е искорнување на чешмата со сé целото лавабо (не може едното ново, а другото старо!); и онака веќе влакната од бричењето ти се одамна забетонирани во керамиката.

2. ВЛАКНА НА САПУНОТ

pubes[1]

Сапун без влакна е како подрум без ајвар, вели една стара македонска. Или не. Овој феномен датира од нашите најстари сапунски времиња. Влакната на сапунот, освен што се естетски симпатични, се и еден вид статусен симбол – влакна на сапунот значи дека домаќинот ги мие рацете и другите делови од телото со еден ист сапун, и не се расфрла со пари за да се чатали со течни сапуни. Затоа и го нарекуваат домаќин човек.

3. ЌИБРИТ ZEBRA НА КАЗАНЧЕТО

2298334434_8765357d44_b[1]

Ни освежувач за воздух, ни оние патчињата во шолјата што собираат бактерии, ни миризливите лепенки што се ставаат во делот кај што не паѓа гомното, не допринесуваат така темелно за ентериерот на санитарниот чвор како што тоа го прави кутивче ZEBRA ќибрит на казанчето. Се прославија во текот на рестрикциите во 90-тите, кога немаше струја, а луѓето не сакаа да бришат г’з во мртва темница, па се палеа чкорчиња за домаќинот да може да го надгледува процесот во реално време. Меѓутоа, при таа секојдневна рутина, многумина забележаа дека по палењето на чкорче, непријатниот мирис на гомна едноставно исчезнува, што ги израдува сите што после темелно користење на вецето требаше да пречекаат гости. Традиција што е жива и ден денес.

А се сеќавам кога почина дедо ми, во аманет ни остави 72 килограми кутивчиња од ќибрит, кои во текот на животот ги собираше со мисла картонот да им го продаде на циганите и парите да ги донира во добротворни цели.

Значи, кога и последното гомно „ќе ја напушти зградата“, само запалете едно чкорче и пуштете го да оди заедно со гомното. Тоа е доволно купатилото да ви мириса на свежа ливада.

4. СИНЏИРЧЕ МЕСТО ЈАЖЕ

Lanac-Za-Vodokotlic_slika_O_44807489[1]Бидејќи ние Македонците сé правиме со срце и душа, а не со глава, така и пуштањето вода не се одвива умерено, туку со уживање и со сила. Прав домаќин пушта вода со целата тежина на телото, а повлекувањето на јажето оди вака: целата сила, како и кај боксерското кроше, доаѓа од колкот. Се пренесува во рамото и се спушта во раката, така што со сета сила се повлекува казанчето, до моментот на пукање на јажето. Затоа паметниот човек го измислил синџирот како адекватна замена за конопот – потешко се кине, а и поубаво го личи кога ќе влезеш во веце. Кога за казанчето е закачен ланец, пуштањето  вода може да се обавува со ист интензитет како при повлекување на сирената на воз, без ризик дека во раката ќе ви остане парче од материјалот кој е фабрички поставен за да се скине и после 3 недели да се поткревате на прсти за да го притиснеш копчето на врвот на казанчето. Тоа пак, природно го оддалечува секој низок човек од помислата да пушти вода, и сé повеќе го приближува до мислата дека тоа гомно и не изгледа толку лошо во шолјата.

5. ДАСКАТА НЕ МОЖЕ ДА СТОИ КРЕНАТА

FH12DJA_TIGSEA_03[1]

Во нормалните земји се знае дека кога даската ќе се крене, треба така и да остане, и дека не смее да паѓа бидејќи во тој случај машката урина може да заврши во кадата, по огледалото, туш кабината, радијаторот или пастата за заби. Кај нас, од друга страна, генералниот став е дека должност на мажот е кога моча, со едната рака да го држи пенисот, а со другата да го притиска капакот кон (цевката од) казанчето, така спречувајќи и некое недај боже покрваво сценарио од горенаведеното. Обично најлошото што најчесто се случува е да мислите дека сте завршиле, а мочниот меур да достави уште една ненајавена доза урина. Тогаш капакот веќе паднал, и обично завршувате со мокри папучи.

Некои мрзливи мажи ова го решаваат со парче дебела метална жица која на едниот крај се навртува околу цевката на казанчето, а на другиот крај има кука што го држи капакот. При голема нужда можете да ја користите како држач за тоалетната, зашто и онака штрчи настрана, а капакот го потпирате со грбот.

Кога сме кај голема нужда, просечниот Македонец сака и кога сере да има нешто на грбот, некаков терет, некаков притисок, било што… Бидејќи нашиот човек не е навикнат на живот без да му тежи некаква мака.

6. КУП СТВАРИ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ

139_150615222503954[1]

Во право македонско купатило, на машината за перење може да се најде следново:

Тоалетна (една ролна извадена, други 29 уште во најлонот од пакувањето), детергенти за перење, детергенти за чистење, чешли, четки за коса, грицкалица, чупалица, пиштол на вода, полни и празни парфеми, дезодоранси, рол он-и, кармини, улошки, чепкалки за уши, чечкалици, конци, копчиња, конец за шиење, стар Котелец, стар отпорник, брава од старото фиќо, и нормално – милје или стара мушама.

7. ПРЉАВШТИНАТА НА ЧАШАТА СО ЧЕТКИ ЗА ЗАБИ

Cu13082204hw-Juice-cup[1]

Во купатилото на просечно четиричлено семејство обично стои чаша со 7 четки за заби: по една за секого, плус една што никој не знае чија е, една за комшичето што стално игра со син ти и некогаш преспива, плус една стара за општа употреба, како триење на мали флеки по облеката или тепихот. Таа чаша никогаш не е чиста. Полна е со бигор, плунка и стоена вода што се цеди од четките после секое миење, и најчесто стои таму додека не го промени изгледот до непрепознавање, кога домаќинот ја преврива и ја враќа на местото, или евентуално ја заменува со нова (најстарата меѓу чашите што ги поседува во кујнскиот плакар).

Она што ѝ дава посебен шмек на чашата со четките се бричот и евентуалната ножица, и се разбира – влакната од брадата на домаќинот кои случајно завршиле таму при бричењето или тресењето на бричот (нешто налик на тресење на топломер; знаете де, ги имате гледано татко ви и дедо ви, кои наместо да го плакнат бричот, штедат вода и мафтаат со него додека пената не се одлепи и шлапне на керамиката).

Посебен знак за домаќинлук е кога чашата е пластична, а особено ако е со дречлива боја. Тоа е симбол на повеќекратна борба и тон искуство во справувањето со проблемот. А таков треба да е секој Македонец.

- Реклама -