7 светски чуда во вселената

vulkani_ioКои локации би ги посетиле кога патувањата во вселената би биле вообичаена работа? Американскиот автор Рон Милер си го постави токму тоа прашање и тргна во потрага по „светските чуда“ на Сончевиот систем.


Кои локации би ги посетиле кога патувањата во вселената би биле вообичаена работа? Американскиот автор Рон Милер си го постави токму тоа прашање и тргна во потрага по „светските чуда“ на Сончевиот систем.

Вулканите на сателитот Ио
vulkani_io

Јупитеровиот сателит е најактивното тело во Сончевиот систем со околу 400 активни вулкани кои непрекинато исфрлаат пепел во вселената. Бидејќи на Ио речиси нема атмосфера, пепелта не се формира во облаци туку лавата преку канали се шири по целата површина на сателитот. Ио е за малку поголем од нашата Месечина и околу Јупитер кружи на одалеченост од 421.600 километри. Неговата површина е изложена на постојани промени заради силното гравитациско поле на Јупитер.

Ледените кули на Калисто
kalisto

Вториот по големина сателит на Јупитер има површина густо прекриена со кратери, а особено атрактивни се двата големи ударни базени – Valhalla и Asgard. Од овој вториот се издигнуваат неколку огромни базалтни кули од мраз и темна прашина од која секоја е висока помеѓу 80 и 100 метри. Кружи околу Јупитер на одалеченост од 1.883.000 километри.

Фонтаните на Енцелад

encelad_fontani

Вселенското летало на НАСА – Cassini во 2006 година ги сними 500 метри високите фонтани кои настанале од замрзнатата вода во внатрешноста на сателитот кој кружи околу Сатурн. На Енцелад покрај вода постои и тенка атмосфера и различни органски соединенија кои се добра претпоставка за развој на живот.

Езерата на Титан
titan-lakes

Титан е засега единствена позната месечина со густа атмосфера, а неговата површина ја прекриваат планини, езера и реки. Меѓутоа, езерата не се состојат од вода, туку од ладен, течен метан. Научниците веруваат дека на него би можел да се развие живот, иако моментално е преладен за луѓето.

Планината Олимп на Марс
mex-eastern-scarp-olympus-mons_2

Најголемата планина и вулкан во Сончевиот систем е планината Олимп на Марс. Поголема е дури за 15 пати од најголемиот вулкан на Земјата и 24 километри поголема од Монт Еверест. Научниците уште не се сигурни дали вулканот е се уште активен.

Господарот на прстените
IMAG001

Се разбира, станува збор за Сатурн. Иако прстени има и на други планети (Јупитер, Уран, Нептун), тие на Сатурн се најатрактивни и највидливи, па во свое време ги проучувал и Галилео Галилеј. Се состојат од силикатни карпи, железен оксид и мраз, многу се тенки, а се претпоставува дека постојат од самиот почеток на Сончевиот систем.

Големиот ѕид на Миранда
miranda

Природниот сателит на Уран се состои од карпи и воден мраз. Има исклучително интересен рељеф, а се претпоставува дека неколку пати се распаднал и повторно се составил заради сопствената гравитација и тектонските движења. Површината му е полна со пукнатини, кањони и провалии. Посебно е атрактивна 20 километри високата карпа, а астронаутот кој би скокнал од неа до тлото би паѓал дури 20 минути.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената
- Реклама -