Во моментов, за Nintendo Wii се нудат најголем број додатоци (од кои голем дел се движат помеѓу бескорисни и едноставно глупави). Но, тоа не е првата играчка конзола која на своите корисници им нудела непотребни нешта за големи пари. Компаниите тоа го прават уште од осумдесеттите.
Во моментов, за Nintendo Wii се нудат најголем број додатоци (од кои голем дел се движат помеѓу бескорисни и едноставно глупави). Но, тоа не е првата играчка конзола која на своите корисници им нудела непотребни нешта за големи пари. Компаниите тоа го прават уште од осумдесеттите.
1. Sony Pocketstation
Во 1999 година, Сони реши да ја искористи огромната популарност на Playstation конзолата и лансираше производ наречен Pocketstation. Ова, во основа беше мемориска картичка за конзолата, со вграден LCD екран, на која можеа да се играат неколку едноставни игри. Примарно, оваа направа се продавала само во Јапонија, со оглед на тоа што чинела колку Gameboy, а имала мемориски капацитет колку најевтината мемориска картичка.
2. U-Force
U-Force беше контролер за познатиот и некогаш мега популарен Nintendo Entertainment System. Излезе во 1989 година и во моментот кога се појави изгледаше крајно футуристички. Наликуваше на лаптоп компјутер, со плочи и инфрацрвени зраци, кои движењата на играчите требаше да ги претвораат во потези во играта. Главно беше наменет за игрите со бокс. Во реалноста, зраците биле премногу слаби, бил потребен голем напор за воопшто да биде регистрирано движење од направата, со што ефективно, контролирањето на игрите станало уште потешко. Именуван е како еден од десетте најлоши контролери во историјата на игрите.
3. Wii Hip Street Cheer Pom Poms
Овој додаток чини само 20 долари. Наменет е за молзење на популарноста на игрите со чирлидерки во САД. Во основа, ви продаваат крпчиња што се поврзуваат на далечинскиот управувач и нунчаки управувачот на Nintendo Wii со кои ќе мафтате при играњето. Она што производителот заборавил да им каже на потрошувачите е дека ќе треба да си купат уште еден комплет, со оглед на тоа што играта бара два комплети управувачи.
4. Sega Dreamcast Fishing Rod
Ова е контролер кој бил наменет за пореалистично искуство со мега популарната Bass Fishing видео игра на Sega Dreamcast, за луѓето кои сакаат рибарење, но не сакаат тоа да го прават во реалноста. Проблемот беше тоа што катастрофално лошата конзола не поддржуваше ниту вибрации, ниту контролори со движење, така што во основа купувавте само едно пластично стапче и еден куп фрустрации.
5. Wii Party Station
Совршен пример зошто видео игрите и храната никогаш не треба да се мешаат. Овој здодевен додаток содржи вентилаторче за ладење испотени дланки и 4 LCD екранчиња (веројатно за броење резултат). Од здодевен во смешен преминува кога ќе го видите делот одозгора што наликува на чинија за чипс и 4 држачи за чашки, што ќе ви ги изладат пијалаците. За среќа, понатамошното производство е откажано, а како официјална причина се наведува зголемената цена на пластиката.
6. Power Glove
Уште еден додаток што во 1989 година се обиде да го зголеми профитот за Nintendo. Ракавицата, која требаше да создаде искуство на виртуелна реалност беше црно-бела, имаше џојстик внатре и тастатура на горната страна. И покрај големата рекламна кампања и појавувањето на ракавицата како клучен дел од заплетот на „Волшебникот“, производот беше целосен неуспех. Само 2 игри се појавија кои можеа да се играат со овој контролер, од кои едната доаѓала бесплатно со ракавицата. Но, дури и тие две игри можат да се играат и со обичниот контролер.
7. CTA Wings for the Nintendo Wii
Овој додаток е особено смешен поради фактот што со него не можете да играте ниту цела игра, туку само една мини игра во склоп на Wii Fit Plus. Целта, според производителот, е да ви даде искуство поблиску до летањето, но во основа ќе изгледате како да имате ракавици за рерна на рацете и да мафтате со нив во паника зашто ви се запалил шпоретот.