Кога зборуваме за убавината и привлечноста, мажите и жените имаат сосема различни погледи.
И додека жените се стреман да бидат намирисани со најфиниот парфем, да го отстранат и најмалото влакно, и кожата да ја направат најмазна и затегната, мажите пак на нив забележуваат нешто сосема друго. На прашањето што ги привлекува кај една жена, мажите дале многу интересни одговори.
„Кога жената убаво оди“
Облеката може да привлече но елегантниот женски од ќе го победни секој „минич“ оли тесни панталони.
„Природниот мирис на нејзината кожа“
Мирисот на кремата или парфемот е пријатен, но мирисот на кожата е нешто сосема поинакво, нешто посебно.
„Кога жена те гледа (подолго од две секунди)“
Има нешто посебно во женскиот поглед. Поглед кој трае малку подолго е всушност знак дека сте заинтересирани, а за него тоа претставува неверојатен комплимент и предизвик.
„Нејзиното лице кога ќе се разбуди“
Малку подуеното лице и сонливиот поглед украсен со насмевка е нешто неверојатно привлечно за вљубениот маж.
„Бушава коса“
И додека сите жени со сите сили се обидуваат да изгледаат беспрекорно, мажите тоа никогаш нема да го приметат. Но, кога ќе се разбудите и кога сте целосно природни со сите свои мани и несовршености, тоа дефинитивно ќе го забележат.
„Кога постојаано се смее“
Весела, достапна и позитивна личност е вистински магнет за мажите. Токму поради тоа насмевката е едно од најсилните женски трикови на кои паѓа секој маж.
„Пегите на лицето“
Пудрата е совршена за прикривање и на најмалите несовршености на лицето. Но, ако мислите дека вашиот совршен тен ќе го привлече, се лажете. Пегите на лицето како и несовршените мали нешта мажите ги сметаат за неодоливи.