7 грешки што ја продолжуваат агонијата по раскинувањето

Скршено срце Раскинувањата можат да бидат болни, но последиците од нив најчесто се далку поболни. Одвикнувањето од нечие присуство и наоѓање на нов почеток е прилично тешко. Еве кои изговори за продолжување на контактот треба да ги одбегнувате.


Раскинувањата можат да бидат болни, но последиците од нив најчесто се далку поболни. Одвикнувањето од нечие присуство и наоѓање на нов почеток е прилично тешко. Еве кои изговори за продолжување на контактот треба да ги одбегнувате:

Раскинување1. Зошто не можеме да останеме пријатели? Можеби ова звучи како добра идеја, но поранешен љубовник не може да биде добар пријател, барем не веднаш по раскинувањето.

2. Мора да ја завршиме приказната.
Во реалноста, некои приказни не можат да завршат, без разлика колку разговори и да имате. Затоа, најдобар крај би бил оној во кој одолевате на потребата за продолжување на контактот и си заминувате.

3. Морам да ја најдам смислата на нештата и имам да ти кажам само уште едно нешто пред да заминеш.
Ова е уште една верзија на „завршувањето на приказната“ и потребата да се остане во контакт. Но, ако сте во близина на оној што ве повредил, тоа само ќе му даде шанса одново да ве повреди. А, тоа е… лошо!

4. Сакам да сум тука доколку има шанса да се поправат нештата.
Да сакате да се смирите со некој што ви е мил е легитимно чувство. Но, дури и доколку се смирите, тоа веќе нема да е истата врска. Затоа, важно е барем на одредено време да се тргнете и да го прекинете контактот, за добро да размислите што понатаму.

5. Морам да ги вратам неговите (нејзините) работи.
Сторете го тоа веднаш, уште во првите неколку дена. Потаму, тоа ќе биде само уште еден изговор за агонизирачкиот пролонгиран контакт.

6. Ми недостасува интимноста.
Секако, откако ќе прекине интимниот контакт, нормално е да ви недостасува. Но, доколку го пролонгирате овој вид контакт (дури и ако остане само на тоа), повторно ќе заглавите во минатото. Понекогаш едноставно е време да прекинете секаков контакт.

7. Се движиме во исти кругови.
Во овој случај, избегнувањето е невозможно. Но, доколку мора да сте на исто место во исто време, не контактирајте подоцна. А, за време на разговорите, однесувајте се цивилизирано, бидете куси и прецизни во мислите и не спомнувајте нешта кои можат да воскреснат негативни чувства.

- Реклама -