Многу од нас претпоставуваат дека градовите кои сакаме да ги видиме ќе бидат тука со векови. Но, неколку градови во светот се натпреваруваат за титулата „Новата Атлантида“. Несоодветна подлога и подигнувањето на нивото на морето се сериозна закана за некои од најголемите и најсаканите градови во светот.
Многу од нас претпоставуваат дека градовите кои сакаме да ги видиме ќе бидат тука со векови. Но, неколку градови во светот се натпреваруваат за титулата „Новата Атлантида“. Несоодветна подлога и подигнувањето на нивото на морето се сериозна закана за некои од најголемите и најсаканите градови во светот.
7. Бангкок, Тајланд
Главниот град на Тајланд тоне, и тоа брзо. Сепак, за разлика од другите градови на оваа листа, проблемот не е во подлогата. Градот е сместен на реката Чао Фраја – која се слива во Заливот Бангкок, околу 48 километри јужно од центарот на градот – оваа огромна населба има поголеми шанси да се удави отколку да потоне. Експертите велат дека оваа дестинација, заедно со десетиците прекрасни храмови кои можат да се најдат тука, можат да се најдат под вода во наредните седум години.
Тајландскиот научник, доктор Ажонг Чумсаи на Ајудуја, судбината на Бангкок најдобро може да се објасни со глобалното затоплување. Азиските медиуми известуваат дека според Ажонг луѓето се најголемите виновници за ваквата состојба поради искористувањето на природните ресурси без да размислуваат за иднината. Тој исто така рекол дека промените во климата на Земјата придонесуваат кон создавање на посериозни појави на цунами во Тајландскиот Залив кои ќе имаат негативен ефект врз јужниот дел на државата. Со помалку од една деценија на располагање, време е да планирате патување до најпопуларното туристичко место во Тајланд.
6. Њујорк, САД
Ако никогаш не сте ја посетиле Статуата на Слободата, или не сте ги виделе светлата на Тајмс Сквер, сега е вистинскиот момент. Слично како и неговиот пријател од Тајланд, најгусто населениот град во Америка е осуден од ефектите на глобалното затоплување. Сместен на устието на реката Хадсон, каде што таа се влева во Атлантскиот Океан, оваа бетонска џунгла наскоро ќе биде сè позагрозена од подигањето на морското ниво и можните тропски бури.
Според некои проценки, се очекува нивото на морето во околината на Њујорк да се подигне двапати побрзо од остатокот на светот. Сепак, поплавите ќе бидат само еден од симптомите со кои се соочува Њујорк: Ниското земјиште ќе биде поплавено, брегот ќе биде еродиран, мучуриштата ќе се претворат во отворено море, што заедно со зголемувањето на соленоста во околните води може да влијае врз локалните екосистеми. Не само што градот ќе се најде под вода, туку постои ризик целосно да биде однесен од водата.
5. Хјустон, САД
Хјустон, навистина имаме проблем – наскоро центарот за посетители на NASA нема да се наоѓа на Земјата, туку во неа. Најкосмополитскиот град во Тексас се бори да остане над земја. Изграден врз богат извор на природни ресурси, со решеност да расте, овој град станал голем енергетски центар и почетна точка на американското вселенско истражување. Но, четвртиот град по големина во Америка е изграден врз песочни темели, буквално.
Хјустон се наоѓа врз четири големи мочуришта кои се празнат во Мексиканскиот Залив. Неколку години населението на Хјустон користело подземни води за своите потреби, но големите количини кои биле извадени ја ослабиле основата на градот. Експлоатацијата на нафта исто така имала негативен ефект врз основата. Градот се наоѓа и во активно земјотресно подрачје. Многу делови од оваа метропола, како на пример Џерзи Вилиџ во северозападниот дел, тонат со брзина и до 5 сентиметри годишно. Експертите велат дека иако брзината на тонењето била намалена во деловите од градот каде што експлоатацијата на подземни води била прекината, сè уште нема трајно решение за проблемот на Хјустон. Ако Хјустон се наоѓа на вашиот список на места кои сакате да ги посетите, подобро побрзајте.
4. Шангај, Кина
И Шангај е еден од оние градови кои имаат мрачна иднина. Сместен на брегот на Кина, овој град бил изграден врз мочуриштата околу устието на реката Јангце. Од своите почетоци како рибарско село, Шангај започнал да привлекува сè повеќе жители во средината на деветнаесетиот век. Скромните домови биле заменети со неверојатни облакодери (како и некои од најдобрите шопинг центри во Азија), и Шангај набрзо стана еден од најгусто населените градови на Земјата, со над 20 милиони жители заклучно со 2001. Градот се справувал со брзото проширување се до почетокот на дваесетиот век, кога бунарите станале примарен извор на вода, што имало влијание врз слоевите седимент под градот. Според некои проценки, Шангај се спуштил околу 2,5 метри помеѓу 1921 и 1965 година, или околу 5 сентиметри годишно. Градот сè уште тоне со брзина од околу еден сентиметар годишно.
Некои експерти велат дека не може да се направи ништо за да се одржи Шангај над површината на земјата, градот е едноставно претежок за подлогата. Сепак, во обид да ја намалат брзината на тонење, сите нови повеќекатници мораат да се градат врз дебела основа од бетон која ќе ја распределува нивната тежина. Ако сакате да ја видите архитектурата виновна за популарноста на градот, но и за неговите проблеми, не чекајте многу долго.
3. Њу Орлеанс, Луизијана
Колонистите го одбрале Њу Орлеанс за главен град на Француска Луизијана поради неговата оддалеченост од морето. Но, Земјата помеѓу градот и морето била однесена од брановите, со што омиленото место за славење во Америка (од кое половината се наоѓа на или под нивото на морето) станало поподложно на тропски бури.
Но, последиците од Ураганот Катрина, ги натера експертите да обрнат внимание на опасната положба во која се наоѓа Њу Орлеанс. Според National Geographic градот тонел со брзина од половина сентиметар годишно во годините пред Ураганот Катрина, а насипите изградени за заштита на градот тонеле со четири до пет пати поголема брзина, со што се влошиле долгорочните ефекти на бурата. Експертите велат дека неможе да се направи ништо за спасување на градот. Според извештај од 2009 година на Националната Академија за Инженерство и Националниот Совет за Истражување „Насипите и ѕидовите изградени околу Њу Орлеанс не можат да го заштитат градот. Ако не постојат услови за релокација, алтернатива би била преместување на првите спратови на зградите на повисоко ниво.“ Ова значи дека не постои подобар момент за посетување на Марди Гра.
2. Венеција, Италија
Неколку векови поминале од времето кога Венецијанците решиле да ја изградат високата Базилика на Св. Марко и Плоштадот Св. Марко врз потонати дрвени штици и ги замениле патиштата со канали. Во минатото, положбата на градот била логична: Директниот пристап до морето бил потребен за Венецијанците да можат да ја контролираат трговијата во Средоземното Море. Но копањето во потрага по вода за пиење имала негативен ефект врз градот: Венеција има потонато речиси триесет сентиметри во последните 100 години. За да биде уште полошо, и нивото на водата во Средоземното Море се подига. Иако аcqua alta (високата вода) била проблем на ова туристичко место со векови, поплавите се зачестиле во последните неколку години. Во моментов има околу 60 појави на acqua alta годишно.
Зачувувањето на Венеција е приоритет на италијанската влада во последните 30 години. Неколку милијарди евра се потрошени на систем за заштита од поплави, проектот “MOSE”, кој би требало да биде завршен во 2011 или 2012. Сепак, некои експерти тврдат дека единствениот начин да се спаси градот е целосно преместување. Во секој случај, ако отсекогаш сте сонувале за возење во гондола низ каналите, подобро би било да побрзате.
1. Мексико Сити, Мексико
Сместен врз дното на езеро во Долината Мексико, Мексико Сити се соочувал со можноста да потоне со векови. Сепак, според геолозите, делови од градот тонат со брзина од околу 20 сентиметри годишно. Поради отсуството на соодветна дренажа, градот бил под постојана закана од поплави од подземните води од околните планини, поради што бил изграден масивен подземен систем за дренажа. Но претераното вадење на водата од езерото Текскоко во дваесетиот век предизвикало ронење на глинестата подлога на градот, со што градот тоне подлабоко. Со тонењето на градот, тоне и системот за дренажа, што ги враќа отпадните води во градот. Капацитетот на системот за дренажа на Мексико Сити се намалил за 30 проценти од 1975 година.
Во моментов има неколку проекти кои треба да го спречат тонењето на градот, меѓу кои е и изградбата на новиот Источен Тунел за Дренажа широк 7 метри (кој чини околу 790 милиони евра) кој ќе ја носи водата околу 64 километри северно од градот. Тунелот би требало да биде завршен до 2012. Големо внимание се посветува и на заштитата на архитектонските знаменитости сместени во Историската Област, кои најмногу привлекуваат туристи. И покрај сите напори, инженерите велат дека не постои начин да се спречи тонењето на Мексико Сити.