Дека шаренилото, живите бои и масивните и раскошни модни додатоци летово ќе бидат полн моден погодок, не е никаков новитет. Затоа, сите оние кои се љубители на црниот континент, конечно ќе имаат можност да се подноват со некое парче облека или накит, кој ќе ги доближи до африканската традиција и фолклор.