Конкурс за фотографија „2/Два“

Конкурс за фотографија „2/Два“Македонската веб-страница за модерна архитектура Архитект.мк, во соработка со општина Карпош распиша конкурс за фотографија,  во кој ги повикува сите љубители на фотографија на учество. Темата на овогодинешниот конкурс е „2/Два“. Со овој наслов организаторите посочуваат на фотографии со голема слобода во нивната интерпретација.

Конкурсот започна на 03.05.2011 и трае до 05.06.2011, до 14 часот, кога е и последниот термин за предавање на вашите дела.

Трите парични награди се следниве:

1.  30.000 денари за првонаградената
2. 20.000 денари за второнаградената 
3. 10.000 денари за третонаградената
+ 27 откупи од 1.000 денари

Погледнете ги условите за учество на конкурсот на Architect.mk.

- Реклама -