Нови 15 фотографии за кои нема да поверувате дека не се фотошопирани

Без фотошоп Неколкупати до сега се занимававме со фотографиите кои е тешко да поверувате дека се автентични, а не креирани преку магијата на фотошоп. И овој пат, нови 15 такви фотографии кои несомнено ќе ве остават зачудени.


Неколкупати до сега се занимававме со фотографиите кои е тешко да
поверувате дека се автентични, а не креирани преку магијата на фотошоп(1, 2, 3, 4).
И овој пат, нови 15 такви фотографии кои несомнено ќе ве остават
зачудени.

15. „Коработ на Ное 2: Одмаздата“
„Коработ на Ное 2: Одмаздата“
Сигурно мислите оти се работи за 2 различни фотографии залепени заедно, но не е така. Се работи за бродот Паша Балкер кој во 2007 година заринка близу до една австралиска населба во моментите додека капетенаот појадувал. Сигурно се работело за многу вкусен појадок!

14. Тасманскиот ѓавол во акција

Тасманскиот ѓавол во акција
Иако ова торнадо изгледа како лоша компјутерска графика која се користи за телевизиските филмови, сепак се работи за автентична фотографија. Или, доколку се работи за монтажа, тогаш National Geographic лаже, зашто се колнат дека го начекале торнадото во Канзас, во фазата на формирање.

13. Мамо, тато, запознајте ја мојата нова девојка

Мамо, тато, запознајте ја мојата нова девојка
Оваа фотографија не само што изгледа како монтажа, туку изгледа како екстремно лоша монтажа што обично можете да ја сретнете по рекламите кои се објавуваат во весници. Но, ова е слика од Брут, мечката што живее со ова семејство уште од мече, како дел од експериментот кој има за цел да докаже дека мечките не се толку крволочни колку што се прикажуваат. Со среќа!

12. Проституција под вода

Проституција под вода
Ова е интересно именуваната риба-лилјак со црвени усни. Можеле да ја именуваат и како тетката зад шалтерот и ефектот ќе беше идентичен.

11. Распад на соседството
Распад на соседството
Треба ли да ве потсетуваме дека се работи за 3D уметност?

10. Зошто да купувате фотоапарат кога може да го користите телескопот Хабл?
Зошто да купувате фотоапарат кога може да го користите телескопот Хабл?
Ова е вистински објектив кој го произведува компанијата Сигма и кој чини само 29 илјади долари. На фотографите ќе им овозможи да фотографираат свадби без да присуствуваат на нив или да ги уловат гаќичките на славните личности од огромни далечини. Оние што поседуваат вакви објективи, очигледно компензираат за некој недостаток.

9. Гундам

Гундам
Јапонците направиле статуа од Гундам во природна големина, само зато што им се може. И не само тоа, туку рацете  се подвижни!

8. Кучераптори

Кучераптори
Ова што изгледа како лоша монтажа на кучиња по принципот на оние мали диносаурусчиња од паркот Јура, всушност се вистински кучиња кои живеат на Филипините и кои биле родени без предни нозе. Иако сега помислувате колку им е тежок животот, излегува дека кучињата можат да проживеат нормален живот и во ваква состојба, потпирајќи се на силните задни нозе. Сами одлучете дали се слатки или застрашувачки!

7. Ќе ме отпуштат заради ова
Ќе ме отпуштат заради ова
Ова е фотографија од реклама во Колумбус, Охајо. Илузијата на истурена боја ја направиле истурајќи боја по зградата и паркингот.

6. Н.Л.О.?

Н.Л.О.?
Фотографијава е направена во Дамаск, Сирија. Појавата на овој лентикуларен облак веројатно предизвикал распоредување на борбените авиони….

5. Да поделам со 0?

Да поделам со 0?
Ова што изгледа како некој да ви пукал во мониторот е всушност постмодернистичка скулптура која се вика „Б од бенгот“ и е поставена во Манчестер.

4. Математика
Математика
Ова е една оптичка илузија која не се грижи за точноста на информациите. Ако мислите дека се работи за лош фотошоп, отидете од страна:
Математика
Ништо повеќе од куп ѓубре.

3. Двобој со боговите
Двобој со боговите
Уште лоша компјутерска графика? Повторно грешка. Се работи за феномен наречен огнен вртлог, при чија појава воздушните струи го подигаат пламенот и го претвораат во она што го гледате. Интернетот е преполн со вакви слики и сите изгледаат која од која полажна.

2. Осигурувањето не го покрива ова!
Осигурувањето не го покрива ова!
Не сте сигурни во што гледате, нели? Разбирливо. Прво што ви паѓа на памет е огромна карпа паднала врз куќите или пак некое мало дете открило фотошоп. Но, не. Ова е фотографија од гратчето Сетенил де лас Бодегас, во Шпанија. Од некоја чудна причина, целиот град е изграден во карпа:
Осигурувањето не го покрива ова!

1. Оживување на exitbike?
Оживување на exitbike?
Фотографијава наликува на лоша жива верзија на онаа игра од Нинтендо што се вика exitbike. Но повторно, не се работи за фотошоп. Ова е само еден крос-моторџија на трка во Египет, фатен во „незгоден“ момент. Поигрувањето со перспективата е секогаш интересно, нели?

- Реклама -