Ова е најпродаваното чоколадо во светот

Американската кондиторска компанија „Mars“, по висината на приходот од продажбата, е прва меѓу најголемите производители на чоколадо во светот на листата на магазинот „Candy industry“.

„Mars“ во 2012 година остварила приходи од 16,8 милијарди долари. Компанијата има 32 000 вработени во 51 погон, а нејзини најпознати марки покрај чоколатцата Mars се Snickers, Tvix…

На второ место е германската компанија „Mondelēz International“ со Milka. Лани компанијата заработила 15,48 милијарди долари.

Помалку познатиот „Barcel“, филијала на мексиканската „Grupo Bimbo“, е исто така меѓународен гигант со приходи од 14 милиони долари во 2012. Швајцарската компанија „Nestle“ се наоѓа на четврто место со приходи од 12,8 милијарди долари, а најдобар резултат остварила марката KitKat.

- Реклама -