Метал, зелено и шарено за посвеж и помодерен дом

Секако дека домот ќе го декорирате по сопствениот вкус и можности, но понекогаш не е лошо да обрнете внимание и на најновите трендови кога декорацијата на куќата е во прашање, особено доколку станува збор за некои мали инвестиции.

Зелена

url-2

Оваа боја се врати на големата врата во модната индустрија, па се до ентериерите, и речиси сите зелени нијанси се во тренд. Дали ќе ја „пресоблечете“ гарнитурата во зелено или пак ќе ги офарбате ѕидовите е сеедно, она што е сигурно е дека ќе му дадете на вашиот дом свежина и модерен изглед.

Шарени ѕидови

mosaic_wall

Овој тренд е актуелен веќе извесно време, а оваа година е во пораст кога е декорацијата во прашање. Добрата страна е што имате широк избор за тоа како за го „развеселите“ вашиот ѕид. Од тапети, ѕидни украсни налепници, шарени декоративни плочки, мурали и мозаици, е само прашање на вкус за тоа како ќе го искористите овој декоративен елемент. Ние ве советуваме да ишарате некоја помала ѕидна површина, а добрата страна е што можете и да рециклирате, користејќи ги старите тапети, налепници, или некој друг материјал, со кои со помош на креативност и имагинација можете на изработите прекрасен мозаик.

Метал

blues-double-bed-hotel-bed-room

Сјајот на металните површини се врати во домовите. Дали ќе го искористите во вид на ситни куќни детали, рамки за слики, украсни чинии или нешто друго е ваше да одлучите. За оние кои се посмели и сакаат да ги следат трендовите, оваа година сигурно нема да погрешите доколку се одлучите да замените некој дел од старата гарнитура со ново метално парче мебел, како на пример маса,  стол, ламба итн.

- Реклама -