Колку навистина ги слушате луѓето со кои комуницирате?

Со што и да се занимавате многу е важно да бидете добар слушател.Слушањето е вештина која се учи и развива.

Постои голема разлика помеѓу тоа само да слушнете и навистина да слушате. Во првиот случај, едноставно добивате информации, а во вториот целосно обрнувате внимание и сте насочени кон разбирање на пораката. За разлика од тоа само да слушнете нечија приказна, слушањето бара одржување на контакт со очите, набљудување на говорот на телото, барање објаснување. Активното слушање е клучот за развивање на добри односи, и деловни и приватни.

communication

Една од причините поради кои не слушате внимателно е дека сте премногу преокупирани со себе, размислувате дали ќе бидете интересни, како ќе се претставите, како ќе го претставите вашиот производ или услуга, наместо да бидете заинтересирани за личноста од другата страна, без оглед на тоа дали станува збор за вашиот вработен, клиент или бизнис партнер. Не верувајте дека патот до успехот е непрекинатото зборување. Кога ќе го слушнете продавачот дека постојано зборува без прилика вие да дојдете на ред, знајте дека тоа е лош продавач.

Најдобар начин да воспоставите однос со некого е да бидете вистински заинтересирани за него, да слушате со намера навистина да дознаете нешто повеќе за него. Поставувајте прашања. Луѓето ќе ви одговорат тоа што ќе ги прашате.

Conversation

Љубопитност
Развивајте љубопитен став. Станете љубопитни за вашите клиенти, како тие размислуваат, што им се допаѓа, а што не, што чувствуваат, што мислат за вашиот производ или услуга. Ако сакате вашите бизнис партнери да соработуваат со вас, да им се допаднете мора да се интересирате за нив.

Како може да ја развиете и да ја зајакнете вашата способност да слушате?Еве неколку правила:

-Држете ја устата затворена, така што вашите уши ќе бидат отворени. Имаме две уши и една уста, што значи дека треба двапати повеќе да слушаме отколку што зборуваме.

-Слушајте со очите. Одржувајте ја врската со очите, тоа покажува дека го апсорбирате секој збор. Сите сме ја слушнале фразата „Од едно уво влегува, од другото излегува“. А никогаш не сме слушнале некој да каже „Од едно око влегува, од друго излегува“.

smile-job-interview

-Слушајте со телото. Следете ги движењата на телото и говорот. Наведнете се малку нанапред со цел да бидете повнимателни.

-Однесувајте се како огледало. Насмевнете се кога другиот се смее, намуртете се кога се мурти, климајте со главата кога другиот го прави тоа.

-Не го прекинувајте соговорникот.

 

- Реклама -