Човекот што живее од анти-спам тужби

анти-сапм крстоносецДаниел Балсам мрази спам. Нормално, речиси сите луѓе го мразат. Но, Балсам решил да направи нешто повеќе од кликнување на delete. Тој ги тужи спамерите. Пред осум години Балсам додека работел во маркетинг сектор, едноставно добил премногу електронски понуди за зголемување на неговите гради.

Избезумен, тој основал веб сајт наречен Danhatesspam.com, дал отказ и почнал да студира право и денес заработува тужејќи ги компаниите кои го спамираат со понуди за евтини лекови, неверојатни одмори и слични понуди. „Јас мислам дека правам добро и го чистам интернетот“ изјавил тој. Балсам има поднесено голем број тужби, од кои десетина пред да ја добие својата правна диплома во 2008 година, во различни судови, против оние кои според него ги прекршуваат анти-спам законите.

Неговите победи се само капки во огромен океан, со оглед на тоа што Cisco Systems Inc. проценува дека има околу 200 милијарди спам пораки дневно, или 90 проценти од електронската пошта. Сепак, Балсам од судски одлуки добива доволно пари за добар живот. Тој има собрано над 1 милион долари, од судски пресуди и од тужбите кои биле решени надвор од судницата, од компаниите кои ги обвинува за спамирање. [Man quits job, makes living suing e-mail spammers]

- Реклама -