Данок на блогирање

блогирањеДо сега, многу влади во светот се обидуваа на овој или оној начин да го контролираат мислењето на блогерите. Се чини дека најпосле, градот Филаделфија го најде начинот. Таму се појави данок на блогирање, кој започнува со дозвола од 300 долари.

До сега, многу влади во светот се обидуваа на овој или оној начин да го контролираат мислењето на блогерите. Се чини дека најпосле, градот Филаделфија го најде начинот. Таму се појави данок на блогирање, кој започнува со дозвола од 300 долари.

БлогМерилин Бес е блогер-аматер. Таа го користи својот блог за да си го искаже мислењето и повремено соработува со ehow.com. Од целокупната активност на интернет, во изминативе години, успеала да заработи цели 50 долари.

Градските власти на Филаделфија во нејзиниот блог (и сите останати блогови на тамошните жители) виделе бизнис потенцијал и сакаат дополнително да ја наполнат буџетската каса. Покрај 300 долари за дозвола за работа, тамошните блогери ќе треба да плаќаат данок на приход, данок на нето профит и уште еден грст давачки.

Просечниот блогер во светот заработува суми кои се доволно смешни, за воопшто да не бидат споменати. Сепак, стотици блогери што живеат во Филаделфија добиле писма што ги известуваат дека должат 300 долари за дозвола, како и дополнителни давачки на секој заработен долар. Ова важи и за блогери како Шон Бери, кој за две години активно блогирање успеал да прибере профит од неверојатни 11 долари.

Добар дел од блогерите се невработени и оваа активност ја користат за креативно исполнување на времето. Од друга страна и тие што се вработени одбиваат туку-така да фрлат 300 долари за дозвола за бизнис, за нешто што го прават како хоби. Оттаму, се очекува масовно откажување од блогирањето во најскоро време.

Она што некогаш беше право, во Филаделфија стана привилегија на поимотните. Градот најпосле успеа да го стори она што многу тоталитаристички влади не успеаја до сега – да ги замолчи блогерите! Сѐ што требаше да сторат е да ги удрат по џебот. [Philly requiring bloggers to pay $300 for a business license]

- Реклама -