За помалку од 1 година, интернетот ќе ги потроши своите адреси

интернетДали некогаш сте размислувале колку интернет адреси постојат? Одговорот е: многу. Толку многу што интернетот веќе нема место за нив. Но, не грижете се – секогаш има решение.

Дали некогаш сте размислувале колку интернет адреси постојат? Одговорот е: многу. Толку многу што интернетот веќе нема место за нив. Но, не грижете се – секогаш има решение.

internetПретседателот на Американскиот Регистар за Интернет Броеви (ARIN), Џон Куран, изјави дека за 1 година ќе се потрошат сите адреси за интернетот. Истово беше потврдено и од Винт Церф од Google. Главната причина: ќе се случи експлозија на податоците во мрежата, а заслужни се  паметните мрежи, RFID,  како и мобилните направи кои се конектираат на интернет. Ова секако важи за IPv4 интернет адресите.

Моментално, мрежата го користи IPv4 интернет протоколот, верзија 4, првпат употребена во 1980. Секоја IPv4 адреса е лимитирана на 32-битен број, што значи дека максимумот е малку преку 4 милијарди единствени адреси.

IPv6 е следната генерација на Интернет протокол кој користи 128-битни адреси, па со тоа ќе се овозможи и поголем број на единствени адреси. Барем доволно за на секој човек на планетава да му овозможи преку 4 милијарди адреси.

Џон Куран, од Американскиот Регистар за интернет броеви, вели дека од 4 милијарди слободни IPv4 адреси  само 6% сѐ уште не се доделени. Тој очекува овие 6% да бидат распределени следнава година. Ова е проблем треба да го решат Интернет провајдерите, како и големите Интернет компании, како Google и Facebook. Google, на пример, своите содржини ќе треба да ги пренесува и преку IPv6 и преку IPv4 адресите.

Куран вели дека оваа транзиција се случува бавно. Во јуни, Google одржа IPv6 конференција и на истата, Facebook објави дека започнале со користењето на IPv6. На почетокот на конференцијата, Винт Церф од Google додаде дека би требало сите да се префрлат на IPv6.

Многумина велат дека ова е нешто како милениумската бубачка, па мора да се понудат нови решенија и технологии. Една од нив е NAT (Network Address Translation), технологија која што собира повеќе адреси во една и единствена IP адреса. Но, исто така оваа технологијата „само ја комплицира архитектурата на интернетот“.

Дали е уште еден беспотребен страв или не, заклучокот е дека IPv6 е многу поголема платформа за интернет адресите. Вака или онака, овој чекор ќе мора да биде направен.

[Less Than 1 Year Until The Internet Runs Out of Addresses]
[The Internet’s Running Out of Room]

- Реклама -