PleaseRobMe.com ги открива опасностите на социјалното вмрежување

Burglar-main_FullВебсајтот со едноставно име PleaseRobMe (Ве молам ограбете ме) е креиран за да ги открие локациите на празните домови, според информациите кои ги оставаат луѓето на нивните онлајн профили.

burglar-main_FullВебсајтот со едноставно име PleaseRobMe (Ве молам ограбете ме) е креиран за да ги открие локациите на празните домови, според информациите кои ги оставаат луѓето на нивните онлајн профили.

Група холанѓани го направиле сајтот за неколку часа, за да посочат на опасностите од откривање на точната локација на интернет.

PleaseRobMe ја прикажува информацијата од луѓето кои одлучиле да ја споделат својата локација јавно на Foursquare, онлајн игра, како и на социјалната мрежа Twitter.

Креаторите на оваа страница ги предупредуваат корисниците на Twitter, Facebook и другите социјални мрежи добро да размислат пред да ја објават својата локација и лични податоци јавно.

Деталите што ќе се објават јавно на интернет се достапни за секого, па доколку не поставувате знак „не сум дома“ секогаш кога ќе излезете, зошто би го направиле тоа онлајн?

[PleaseRobMe website reveals dangers of social networks]

- Реклама -