6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те

Оптимус Прајм Иако не сите овие цртани филмови потекнуваат од 80-те, тоа е периодот кога најмногу беа емитувани и периодот кога ни пренесоа некои од најважните животни лекции.


Иако не сите овие цртани филмови потекнуваат од 80-те, тоа е периодот
кога најмногу беа емитувани и периодот кога ни пренесоа некои од
најважните животни лекции.


6. Комунизмот функционира („Штрумфови“)

„Штрумфови“Имаме село, во кое сите работат за доброто на сите, носат исти униформи кои се прикладни за секаква работа, раководени се од старец со брада чии зборови никогаш не се преиспитуваат. Згора на тоа, постојано се борат против злобниот Гаргамел кој наоѓа нови и нови планови за збогатување, се разбира, на штета на Штрумфовите. Ако и ова не ви е доволно, еве еден цитат од другарот Велештрумф: „Од секого според неговите способности, за секого според потребите“.

Ефектот кој го имаше: Во суштина, комунизмот престана да биде опасен или потполно престана да биде, така што не е ни можно да постои некој вистински ефект од овој цртан филм во денешно време. Но, затоа пак, принципот на една девојка на секои триесетина мажи останува валидно предупредување за оние што се запишуваат на машински.

5. Спанаќот е добар („Попај“)

„Попај“Спанаќот не е вкусен, но затоа има толку хранливи материи, витамини и минерали, што знаете дека мускулите ќе ви се претворат во топови. Ако сакате да ги победите Дибеците од светот и да го освоите срцето на вашата Олива, една конзерва спанаќ дневно би требало да ја заврши работата.

Ефектот кој го имаше: Погледнете ги само скандалите кои го потресуваат спортот. Попај порасна генерација која не се мисли два пати пред да посегне по стероиди. Исто така, треба да се истакне дека Олива е првиот анорексичен секс-симбол.

4. Знаењето е половина од битката („Џи Ај Џо“)

„Џи Ај Џо“Другата половина е ефективно да ги истепаш терористите. А, со неверојатно добрите шифрирани имиња: Змиски очи, Дук, Бродолом итн., победата не е проблем. Добрите секогаш победуваат, зашто работат заедно, додека терористите се кукавици и бегаат секогаш кога ќе ги видат ласерските пушки. Како што наредникот Колеж еднаш кажа: „Нашите непријатели се иновативни и затоа сме и ние. Никогаш не престануваат да смислуваат нови начини да ѝ наштетат на нашата земја, затоа и ние нема да престанеме“. Добра стратегија.

Ефектот кој го имаше: Војната во Ирак веројатно била подготвена со дводневен маратон од овој цртан филм во Пентагон. Водачите на Америка дошле до консензус дека добрите мора да победат, на своите трупи им поделиле симпатични прекари и се потпреле на тоа дека знаењето е половина од битката. Штета што не знаеле ама баш ништо.

3. Не верувајте никому! („Скуби Ду“)

„Скуби Ду“Никој не е она што изгледа. Чудовиштето во маглата е некој фармер кој краде стока од својот сосед. Духот на таванот е некој осамен старец кој не сака друштво. Среќното дебело дете е маскиран сериски убиец, итн. Секој е осомничен и никому не смеете да му го свртите грбот. А, кога ќе ве нападне параноја, земете скуби-бисквита. Па што ако е храна за кучиња?

Ефектот кој го имаше: Навратете се на паранојата.


2. ОК е да се биде геј („Химен“)

„Химен“Погледнете го човеков – русокос, со убаво средена фризура, развиен, со правилна дефиниција, исончан, без влакна на градите, има магичен меч и што е најважно, фантастични моќи. Ги поканува своите пријатели – господарите на универзумот да дојдат во неговиот замок кога ќе посакаат, но Черепот и неговите грди придружници никогаш не смеат да се придружат. Треба ли да се продолжи со набројувањето?

Ефектот кој го имаше: Придонесе за ослободување на сексуалноста кај многумина.

1. Ако не сме внимателни, роботи ќе нè убијат сите („Трансформери“)

„Трансформери“Ова е всушност лекција за понизноста која многу лесно  им се пренесе на малите деца, со оглед на тоа што „Трансформери“ беше еден од најдобрите цртани филмови на тоа време. И кога машините ќе ги заменат луѓето, преживеаните веројатно ќе стојат наоколу и ќе мафтаат со „Автобот“ знаменца, зашто, да бидеме реални, нема многу полоши работи на светов отколку да ве изеде злобен робот-автомобил.

Ефектот кој го имаше: Причините зошто некои луѓе се плашат да се доближат до Тојота Приус и ги покриваат телевизорите кога спијат (за да не ги ѕиркаат), веројатно лежат во овој цртан филм.
[8 Important Lessons Learned from ’80s Cartoons]

- Реклама -