6 најубави езера во светот

езераНајвисоките, најдлабоките, најбистрите, сите овие водени чуда ја прикажуваат природата во најубаво светло. Уживајте во убавината од брод, од жичара или од кула на замок. Ова се шестте најубави езера во светот.

Највисоките, најдлабоките, најбистрите, сите овие водени чуда ја прикажуваат природата во најубаво светло. Уживајте во убавината од брод, од жичара или од кула на замок. Ова се шестте најубави езера во светот.

езераПлитвички Езера
Хрватска

Овие 16 сино-зелени езера, скриени во густа вегетација и поврзани со стотици водопади би можеле да послужат како место за снимање на праисториски филм. За авантурата, но и за неверојатните пејсажи, започнете кај едно од ниските изера и тргнете нагоре, по цврстата дрвена патека која го претвора потенцијално опасната рута во зававно место за пешачење. Свртете по заобиколницата која ќе ве одведе кај највисокиот водопад во регионот, седумдесет метарскиот Велики Слап. Додека пешачите, постои шанса да сретнете и дел од локалната фауна, која се состои од елени, рисови, диви свињи, волци и мечки.

Во близина: Има четири хотели во Националниот Парк Плитвички Езера, но повеќето посетители доаѓаат со автомобил од Загреб, кој е оддалечен околу два часа возење.

езераЛох Ломонд
Шкотска

Опкружено со ридови и средновековни замоци, Лох Ломонд изгледа како да е излезено од викторијански романтичен роман. Езерото долго 38 километри е полно со острови, од кои некои се толку мали што исчезнуваат кога нивото на водата е повисоко, а други се доволно големи за да бидат делумно населени. Повеќето траекти застануваат на најголемиот остров Инчмурин (население – 10), за посетителите да можат да ги видат остатоците на манастир од седмиот век, и Замокот Ленокс од четиринаесетиот век, кој често бил користен кога кралеви го посетувале регионот за лов.

Во близина: Езерото се наоѓа на 38 километри северно од Глазгов и 106 километри западно од Единбург.

езераЕзеро Гарда
Италија

Гарда е најголемото езеро во Италија и едно од најпопуларните места за летување за Италијанците. На јужниот брег има топли извори, одморалишта со градби во пастелни бои и теракотни покриви. На север се острите карпести врвови на Доломитите, кои се магнет за планинари и велосипедисти кои сакаат да ја тестираат својата издржливост. Во Малецесине, прекрасно мало градче со поплочени улици и средновековен замок, можете да се качите на жичара која ќе ве однесе до планината Балдо, и ќе ви овозможи да го видите езерото од птичја перспектива.

Во близина: Езерото Гарда се наоѓа речиси на половина пат помеѓу Милано (одалечен 143 километри) и Венеција (одалечена 175 километри), но за да го искусите целосниот опуштачки ефект, најдобро би било да престојувате во едно од многуте мали градчиња на јужниот брег.

езераЕзерото Анси
Франција

Ова алпско езеро сместено во средината на Француските Алпи е прексно, но не очекувајте да го поминете времето во мирно уживање на погледот. Поентата на езерото Анси е активноста, посебно во август, кога Парис оди на продолжен одмор. Едриличари, кајакари и скијачи на вода ја прошаруваат површината, велосипедисти и планинари минуваат по околните патеки, а оние кои само сакаат да излезат од големите градови ги полнат летните тераси на околните ресторани и барови. Редовните посетители знаат дека најдоброто време за посета е во првата сабота во август, кога огномет кој трае речиси два часа ја осветлува водата.

Во близина: Најблискиот голем град е Женева, кој е одалечен 48 километри на север, во Швајцарија, но поголемиот број посетители престојуваат во хотелите кои се наоѓаат на брегот.

езераЕзерото Накуру
Кенија

Водата е доволно сина, и заедно со околните карпести ридови би создале одлична фотографија, но тоа не е она што го прави ова езеро во ценрална Кенија посебно. Вистинската привлечност на ова езеро се фламингата кои се собираат на бреговите. Тие се едни од неколкуте животински видови кои можат да ги издржат негостопримливите услови на езерото – водата има толку многу натриум карбонат што гори речиси сè што ја допира. Во езерото можат да се најдат и до милион птици кои се хранат со алгите во близината на брегот.

Во близина: Езерото се наоѓа во средината на Националниот Парк Езеро Накуру, презерват за црни носорози, и се наоѓа на три часа возење од Најроби.

езераБледско Езеро
Словенија

За да го искусите најдобриот поглед на ова езеро, веднаш тргнете кон Бледскиот Замок, кој се наоѓа на работ на гребен висок 140 метри. Во која насока и да погледнете ќе видите планини, Јулијанските Алпи и Караванките, а под вас, алпското езеро и неговата главна одлика, островот Блед, мал пошумен круг на кој се наоѓа црква од седумнаесетиот век со карактеристична барокна камбанарија. На брегот можете да се качите на мал чамец сличен на гондола и да го посетите островот. Планините го штитат езерото од студените северни ветрови, па Бледското Езеро е релативно топло со 26 степени целзиусови. А ако и тоа ви е многу студено, посетете го северниот брег, каде што има три хотели кои имаат базени изградени околу термални извори.

Во близина: Главниот град, Љубљана, е оддалечен само 56 километри.

- Реклама -