6 модни совети кои секоја жена треба да ги знае

Сезоните можат да се сменат, модните трендови доаѓаат и си одат, но вистинкиот стил трае засекогаш.

На вистинската „fashionista“ и се забрзува пулсот кога станува збор за модни трендови кои мора да ги носи, но секогаш ги применува суштинските стилски совети кога е време да се облече наутро.

1. Носете високи потпетици

Додека се жалиме дека тие ги „убиваат“ нашите нозе, ние страдаме со потпетиците со причина- тие прават ние да изгледаме добро. Ќе изгледате средено и подготвено за секоја прилика, и што е најважно ќе се чувствувате „полирано“ и подготвени да превземете сешто. Ако навистина не можете да носите потпетици, тогаш носете рамни чевли и променети ги веднаш штом ќе дојдете на работа. Велат дека нема ништо полошо од гледање на некоја жена која се мачи да оди во потпетици, па вежбајте, вежбајте, вежбајте. Вреди тоа- кој може да одолее на гламурот и сексапилноста?

heels_street_style_inspiration

2. Знајте што ви прилега

Луѓето секогаш го ценат повеќе стилот отколку модата, па немојте слепо да ги следите трендовите. Знајте го обликот на вашето тело, знајте што ви прилега на вас- што ги нагласува вашите предности и што ги прикрива вашите мани. Жените кои го прават ова секогаш ќе изгледаат добро средено. Секогаш постојат начини да се вклучат трендовите без да се носат од глава до пети, па набљудувајте и читајте за нив, но употребети ги на свој начин, останувајќи верни на вашиот индивидуален стил.

street_style_inspiration

3. Доброто стоење на облеката го надминува брендот или цената

Не е важно кој е брендот или која е цената на нешто, ако не ви одговара совршено тогаш не е добро. Ако не можете да шиете, најдете кројач. Добар однос со кројач значи дека секоја облека можете да направите да одговара совршено, како и промена на облеката за да добиете токму она што го сакате.

street_style_accessories

4. Издвојте се од толпата

Обидете се најдобро што можете да бидете индивидуалец и да се издвоите од толпата. Најатрактивните луѓе во светот се оние кои се уникатни и имаат нешто различно да кажат. Која е вашата порака? Не се плашете да ја кажете.

street style trends

5. За некои елементи вреди да се инвестира во нив

Во свет на брза мода, лесно може да те обземе идејата за имање на голем гардеробер од ефтини парчиња кои се носени „до смрт“ пред да се заменат со нови. Сепак, за некои парчиња вреди да се инвестира во нив. Класичен стилски капут, прекрасна чанта, вашиот фустан од соништата, кроен костум или безвременски парчиња се вредни да се штеди за нив. Тие ќе траат подолго од било кое ефтино парче облека, и никогаш нема излезат од мода и секогаш ќе бидат нешто на што ќе се гордеете.

street style 2014

6. Најдоброте аксесоари се ставот и самодовербата

Кој е конечниот допир на било која облека кој ќе го запечати вашиот стилски кредибилитет? Тоа е ставот и самодовербата, носете што сакате со гордост. Најлошата работа е гледањето на некој кој дозволува неговите алишта да го носат, а не обратно. Кршете ги правилата ако сакате и правете го тоа со самодоверба. Вашата мантра? Изберете го, носете го и покажете го!

street style 2014 australia

- Реклама -